-1.5 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Не очекувајте дека мерките ќе се укинат за брзо, зошто можно...

Филипче: Не очекувајте дека мерките ќе се укинат за брзо, зошто можно е и да има втор пик.

spot_img

Иако во Прилеп има драстично зголемување на бројот на заболени од ковид-19, а од денеска и војската е ангажирана за воведување ред во градот, засега нема да бидат воведени и построги мерки, какви што беа воведени во Дебар и Куманово, на пример.

Министерот Филипче денеска нагласи дека доволно е да се почитуваат постојните ограничувања на движењето.

– Првите случаи во овој град се луѓе кои не биле свесни дека се носители на вирусот, а тешко е да се одреди релацијата со потоа дијагностицираните. Построги мерки, како продолжен полициски час, поделба по старосни групи веќе се воведени и само треба да се почитуваат! Нема простор за дополнителни рестриктивни мерки во Прилеп или во некој друг град, нагласувам – доволно е да се почитуваат постојните мерки – појасни Филипче на денешната прес-конференција,

Можеби ќе ве интересира
Филипче: Mилион донирани заштитни маски ќе се испорачаат во…

Плусинфо 13/04/2020
Филипче потврди: Комбинацијата…

Бранко Героски 13/04/2020
Во врска со прашањето зошто пред банки и маркети гледаме повторно турканици, по поминатиот викенд со полициски час, министерот појасни:

– Целта на рестриктивните мерки е дополнителна елиминација на гужви во другите денови и пред маркети и банки со доволна дистанца на стоење надвор или внатре. Ние за намалување на рестриктивните мерки не размислуваме да бидат скоро, а како би бил органиизран животот по овие мерки, нема да може секако да се врати целосно во нормала. Дел епидимиолози веќе работат на ова со стопанските комори за да ги организизираат капацитетите. И покрај олабавување на мерките, нема да се фукционира исто, бидејќи е висок ризикот да се јави неочекуван нагол пик на новозаразени. Па отварање маркети, фабрики, ресторани ќе биде препорака од Комисијата за постепено враќање на животот во нормал – рече Филипче.

Според него, со вклучувањето и на мобилната апликација полесно ќе се стасува до примарните контакти и ќе биде полесна анализата и контролата на лицата индицирани за тест.

– Ќе трае и до крај на годината оваа ситација, затоа да се почитуваат сите препораки за да не ни се случи нагол прием од пациенти во болниците – додаде министерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...