8.8 C
Ohrid
вторник, ноември 24, 2020
Почетна Свет Авионската компанија Wizz Air ги намалува платите, 1.000 вработени се избркани до...

Авионската компанија Wizz Air ги намалува платите, 1.000 вработени се избркани до сега како технолошки вишок.

Translate (Eng):[gtranslate]

Wizz Air проценува дека во завршната сметка за фискалната 2020-та година, завршена на 31-ви март, ќе искаже нето добивка од 270-280 милиони евра, соопштила денес таа компанија.

Истовремено тој нискобуџетен авио-превозник најавил намалување на платите и отпуштање на околу 1.000 работници поради кризата со коронавирусот.

Како што се наведува во соопштението доставено до Tanjug, Wizz Air проценува основна нето добивка за 2020-та година во распон од 350 и 355 милиони евра, што е во склад со насоките на компанијата, но во завршната сметка ќе бидат внесени расходите кои се очекуваат во периодот од март до мај, поради пандемијата на коронавирусот.

РЕКЛАМА

“Како што неодамна беше објавено, во март 2020-та година работата на Wizz Air падна за 34 проценти во однос на истиот период минатата година. Wizz Air моментално работи со 3,0 проценти од капацитетите во однос на периодот пред епидемијата”, пишува во соопштението.

Како резултат на тоа, Wizz Air Очекува дека за фискалната 2020-та година ќе пријави нето добивка од 270-280 милиони евра.

Компанијата истакнала дека има многу силен биланс и одлична ликвидност во износ од 1,5 милијарди евра кеш на крајот на март 2020-та, и дека очекува дека, кога пазарот ќе се нормализира, ќе остане на своите планови за зголемување на капацитетите од 15 проценти годишно, во просек.

Од Wizz Air додаваат дека поради финансиското влијание на пандемијата компанијата ќе мора да прогласи 1.000 работници за технолошки вишок, што претставува намалување на работната сила за 19 проценти.

Покрај тоа, ќе се намалат платите за цела 2021-ва година на главниот извршен директор, членовите на управниот одбор и сите високопозиционирани менаџери за 22 проценти, додела пилотите, кабинскиот персонал и административните службеници ќе добиваат за 14 проценти помали плати.

- Реклами -