19.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаСветМеѓународна група на научници открива: Постојат три вида на коронавирусот

Меѓународна група на научници открива: Постојат три вида на коронавирусот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Меѓународна група на научници на чело со Др. Петер Форстер од Универзитетон на Кембриџ тврдат дека постојат три главни видови на коронавирусот- А, Б и Ц, објавуваат во списанието „ Proceeding of the National Academy of Sciences“.

<

Научниците дојдоа до овој заклучок анализирајќи го геномот на коронавируси земени од примероци од 160 пациенти од целиот свет помеѓу 24 декември минатата година и 4 март оваа година.

Вид А е генетски најслична на коронавирусите кои се наоѓаат кај лилјаци и панголини.

Овој вид се смета за „корен на епидемијата Ковид-19“, но не беше застапен во Вухан, кинеската област каде за прв пат се појави вирусот.

Голем број на видот А се пронајдени кај пациенти од САД и Австралија. Во Вухан на пациентите доминираа видот Б, која еволуираше од видот А (со мутација на два гени).Варијанта Б е распространета кај пациенти во Источна Азија.

Видот Ц е главниот европски вид присутен кај раните пациенти од Франција, Италија, Шведска и Англија.

Оваа варијанта на коронавирус „ќерка“ од видот Б и е забележана кај пациенти во Хонг Конг, Јужна Кореја и Сингапур, од каде се шири во Европа.

„Повеќето случаи на Вухан се Б варијанта од која подоцна варијантата Ц еволуираше и се шири низ целиот Сингапур“, изјави Форстер за „Дејли меил“. Фостер смета дека варијатната Ц мутирала , но сепак смета дека оваа информија треба да се зема со претпазливост, бидејќи ваквото тврдење се заоснова на малку примероци.

Анализата на британските научници во ПНАС исто така сугерира дека еден од најраните откритија на вирусот САРС-КоВ-2 во Италија дошол преку првата документирана германска инфекција на 27 јануари, и дека уште една рана италијанска патека на инфекцијата поврзана со кластер пациенти од Сингапур.

Додека видот Ц доминирала низ Европа во првите недели од ширењето на вирусот, најновите анализи на тимот на Фостер покажуваат дека низ Европа сега се повеќе се шири варијантата Б.

Тимот Форстер анализира 1.000 примероци земени до крајот на март, но таа студија сè уште не е разгледана. Прелиминарните резултати посочуваат дека варијантата Кронавирус Б сега доминира во Велика Британија, Швајцарија, Германија, Франција, Белгија и Холандија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...