8.7 C
Ohrid
четврток, јануари 9, 2025
ПочетнаМакедонијаИлиоски: Иако сум позитивен на Ковид-19 ни доктор дошол дома ни полиција,...

Илиоски: Иако сум позитивен на Ковид-19 ни доктор дошол дома ни полиција, ниту пак на телефон некој ме има прашано како си?!!

spot_img

Физиотерапевтот Марио Илиоски зкажува дека е позитивен на коронавирус се жали дека од 28 март е дома, а никогаш не добил никаква писмена потврда за резултатот. Илиоски е вработен во Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје, официјално разбрал на 30 март дека е ковид позитивен.

– На 28ми март сум дијагностициран со позитивен тест (за кој на 30ти разбрав официјално, а другово приватно беше од пријател), уште ми нема стигнато никаква писмена потврда, а секојдневно ја барам, нит па некој симптом за да се потврди нештово. Изолацијата ја издржувам во стан во Скопје, сам, 25 дена, терасата да не е, небо немаше да видам. Зошто 25 дена, е вака? Прашува Илиоски.

Тој додава дека на 14 април му направиле контролен тест а за резултатот чекал дури 4 дена и повторно бил позитивен без никаква потврда.

-Поентата ми беше, немој да кажувате после по телевизии дека ги контролирате позитивните и контактирате по телефони зошто во овие 20 дена, ако умрев или прошетав до Охрид на 19 дена, единствено екипата за ретестирање ќе ме начекаше а, можда немаше и никој од вашата контролна екипа да знаe. Никој 20 дена ми се нема јавено да ме праша како си, дали ви треба нешто, Полиција да дојде да тропни да си направиме некое муабетче, ништо. Заклучивме дека тој карантин што го кажувате не е 14 дена, туку 22 дена заради вашата лоша координација, пишува физиотерапевтот на својот Фејсбук профил.

Тој посочува дека психолошкиот притисок да се биде сам во четири ѕида без никого, е преголем.

– И на никој од вас, додека си играте со секој поединец нема да сфатите како е да си затворен во 4 ѕида, сам, да нема со кој да се погледниш попреку, да нема кој бука да ти направи, а вие си играте дрндупка со скапоценото време кое што на некој и два дена порано ќе му смени, зошто не е секој психички спремен да се затвори сам, тотално сам во 4 ѕида, 20 дена и притоа никој да не го искотролира дали му треба нешто или макар само поддршка да му даде па ако е некој нестабилен вие нема да го најдите него. Затоа чувајте ги саканите и најблиските и почитувајте ги нивните иснструкции, зошто на крајот на денот од нив цел ден грми телефонот, нит од Јавно здравје, нит од МВР, нит од Венко туку од тие дома. Со еден од колегите тестирани сме во ист ден, ама на тоа лице по два дена му се јавија, а не по 5 како мене, и тој за 4 дена треба да се ретестира, а не по 7 како мене. Читам вчера, ,,дотичниот” го тестирале два пати за да може да му се скрати карантинот, што е неговиот живот побитен од мојот, неговото време побитно од моето? Не си играјте со времето наше зошто ако сме позитивни од COVID-19 не сме фрлени на пат, има и за нас некој што се грижи, што чека резултат, што чека повторно да не види. Јас сум добар, на адреса сум, здрав прав, и ќе ви ги издржам вашите грешки, тука сум и ќе се ре-карантинирам ако треба уште 14 (читај 22) дена, за доброто на моите најблиски, пишува револтираниот пациент на домашно лекување.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина кученцето Феликс кое беше крвнички претепано со метална шипка

Почина кучето Феликс кое кон крајот на ноември 2024 година беше крвнички претепано со метална шипка. Оваа информација денеска ја споделија од ЈП „Лајка“....

Македонија прва во Европа, петта во светот – Ама по загаден воздух

Први во Европа петти во свет, ама по загаден воздух. И денеска Скопје рекордер на листите на најзагадени градови. Единствено пред Скопје на ранг...

Мијалков снимен во Монте-Карло како вози луксузно Ферари !!

Ексдиректорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков бил уловен во Монако, пред скап хотел, со луксузен автомобил „Ферари“. Снимката, според објавувачот, е направена во...

80- метарски црвен крст го осветли Враништа на полноќ за Божиќ

Враништани на уникатен начин на полноќ го најавија Христовото раѓање. Имено долгометарски крст со бакли кој го направија младите враништани го осветли селото ,...