16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаГраѓаните кои се погодени од корона кризата сметките за март, април и...

Граѓаните кои се погодени од корона кризата сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати..

Претседателот на Регулатотната комисија за енергетика Марко Бислимоски најави дека граѓаните кои се погодени од корона кризата, односно земаат минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата.

Тој во интервју за Радио Слободна Европа, информира дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигнуваат порамнителните сметки за топлинска енергија кои пак ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти. Според Бислимовски, рано е да се каже дали цената на струјата ќе остане непроменета.

Во интервјуто посочува дека има значително подобрена ситуација во однос на плаќањето на сметките по добивањето на платата кај администрацијата и изрази очекување дека оние потрошувачи и домаќинства што не се погодени, односно немаат намалени приходи и во идниот период ќе продолжат да си ги покриваат своите режиски трошоци.

– Сакам и официјално да објавам дека во комуникација и во договор со компаниите од енергетскиот сектор – ЕВН и БЕГ снабдување, на погодените граѓани ќе се овозможи за месеците мај, април и март да можат своите трошоци доколку не се во можност да ги покријат да ги плаќаат на рати и притоа каматата заради заостанатото плаќање нема да се калкулира, значи за три месеци ќе имаат можност најпогодените граѓани да си ги платат своите трошоци за електрична енергија и за топлинска енергија на рати и притоа каматата воопшто нема да им се калкулира, вели Бислимоски .

Во однос на комуналните претпријатија, потенцира дека тие сами треба да одлучат имајќи предвид дека едно комунално претпријатие извршува повеќе дејности, како на пример Водовод Скопје испорачува фактура и за Комунална хигиена и за Паркови и зеленило итн., исто така и во другите градови во државата, но упатуваат апел до потрошувачите, особено овие сметки да се покриваат редовно, имајќи предвид дека трошоците за овие сметки реално се најмали во однос на останатите.

На прашањето дали цената на струјата ќе остане непроменета до крајот на годината тој одговара дека секоја година барањата од компаниите за цени ги добиваат од 15 мај доколку станува збор за снабдување и до 30 мај доколку станува збор за мрежните услуги, за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија.

– Во овој момент е прерано да зборуваме какви би биле цените. Факт е дека постоечкиот механизам којшто го има во Законот за енергетика за регулираниот пазар онаму каде што има регулирана цена, каде што определува Регулаторна комисија за енергетика функционира успешно, бидејќи ЕЛЕМ благодарејќи на драстично намалување на трошоците во рудниците за околу 30 – 40 милиони евра на годишно ниво споредено со претходниот период некаде од 2013/14 до 2016 и во основа на тоа и цената на ЕЛЕМ, односно на ЕСМ по ново која што им ја продава кон ЕВН home е намалена за 15-тина проценти. Така што имаме сигурна ценовна стабилност во овој момент за домаќинствата коишто се на регулираниот пазар на електрична енергија и сега ќе видиме какви ќе бидат приликите при поднесувањето на барањата за цени. Притоа возможно е ние правиме и анализи, првите четири-пет месеци се целосно некарактеристични во однос на потрошувачка, во однос на трошоци, што ќе има сериозно влијание при носењето на нашите одлуки и во наредниот период ќе бидеме во комуникации со компаниите и доколку има потреба можно е периодот на поднесување на барањата за цени да го одложиме со цел да имаме репрезентативни податоци и во делот на потрошувачката на електрична енергија, појасни претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...