16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаАлександар Николовски - После името ова е финален обид за поништување...

Александар Николовски – После името ова е финален обид за поништување на македонската држава за која сонуваа генерации

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Алксандар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ за мкд.мк- Ние сме фрапирани што власта, пред сѐ Зоран Заев и Никола Димитров решија да го кријат овој документ од нас, како најголема политичка партија во Македонија и секако од јавноста. Скандалозен е обидот ова да се сокрие. Во една сериозна држава после ваков документ се отвора широка политичка и општествена дебата за да се одговори на истиот, се прави стратегија и се дејствува. Во Македонија ова се крие! Ние за овој документ дознавме од вас како медиум и во таа насока би сакал да ви честитам за отворањето на оваа исклучително значајна тема.

<

 

Јасен е одговорот зошто Заев и Димитров ова го кријат. Овој документ е демант на отворена сцена на сите лаги. После ова јасно е дека Македонија не доби датум за почеток на преговори, ниту пак скоро ќе ги почне. Исто така паѓа во вода тезата дека Заев и Димитров решаваат проблеми. Напротив, тие создаваат нови, далеку попроблематични за иднината на Македонија проблеми. За овој документ, неговата содржина во која се брише македонскиот народ, македонското малцинство во соседните држави, како и македонскиот јазик, како и криењето на неговата содржина мора да има политичка одговорност. Па видете до каде нѐ донесе обидот на Заев да се спаси од одговорност за своите криминали и кариеризмот на Димитров. Целосно бришење на македонскиот народ и јазик. После промената на името, ова е финален обид за поништување на македонската држава онаква каква ја познаваме, а генерации ја сонуваа.

мкд.мк

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...