13.8 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Кумонаво низ солзи во очите: Со луѓето кои контактирав секој...

Градоначалникот на Кумонаво низ солзи во очите: Со луѓето кои контактирав секој ден ги нема повеќе, тие се мртви.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски утринава во директно вклучување во вестите на Сител телевизија зборуваше за моменталната состојба со коронавирусот во градот, но и за тоа како се чувствува со оглед дека и самиот е позитивен на вирусот.

Сите од штабот, вклучително и самиот немаат симптоми и се во добра здравствена состојба. Со солзи во очите рече дека бил изненаден од информацијата дека и самиот е позитивен, но чувството не е пријатно.

Јас во почетокот на епидемијата на дневна основа ги контактирав како градоначалник сите заразени до бројката 57 и разговарав со нив. Некои од нив беа под голем стрес, некои многу разочарани, особено оној момент кога излезе списокот со имиња во јавноста за кој инсистирав да се поведе истрага. Се чувствуваа дискриминирано луѓето и јас ги разбирам тие чувства особено од оваа позиција, рече Димитриевски.

Зборувајќи дека дел од оние со кои контактирал се веќе починати, градоначалникот го совладаа и емоциите.

– Човекот заклучува дека единствената сигурна работа во животот на која може да се ослони е неговото семејство и мислам дека единствено семејството во тие моменти може да биде тоа на кое можете да се ослоните. Нормално е да има емотивна реакција кај сите и да се чувствува несигурност, затоа што се соочуваме со непозната болест која гледаме, некои од тие луѓе денеска се мртви кои ги контактирав и искрено жалам за тоа, рече Димитриевски.

Целосниот разговор проследете го на линкот подолу.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...