18.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПреку 80.000 евра е вкупната предложена казна за 23 лица од Сингелиќ...

Преку 80.000 евра е вкупната предложена казна за 23 лица од Сингелиќ кои на 13 април не го почитуваа полицискиот час

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Преку 80.000 евра е вкупната предложена казна за 23 лица од Сингелиќ кои на 13 април не го почитуваа полицискиот час, односно постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државава. Тројца, од настанот во општина Гази Баба, веќе се обвинети и судот им изрече казна од по 5.000 евра.

<

Како што соопшти ЈО, обвинетите се идентификувани како лица кои на 13 април околу 22 часот, за време на полицискиот час, биле затекнати групирани надвор од нивните домови во Сингелиќ. Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 35 евра во денарска противвредност.

-Во врска со настанот во Сингелиќ на 13 април, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поднесе Предлог за издавање казнен налог против три лица. Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по овој предлoг, веќе изрече првостепена пресуда со која тројцата обвинети ги огласи за виновни и им ја изрече паричната казна од по 5000 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението на ЈО.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...