7.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаДетали за смртта на Партенко

Детали за смртта на Партенко

spot_imgspot_img

Јулија Партенко почина на 38-годишна возраст, а како што наведува велешкиот портал Ти реков ми рече несреќниот настан се случил во близина на бензинска пумпа кај Градско, на патот кон Велес.

Партенко се враќала од Грција кога почувствувала отежнато дишење, по што била повикана итна помош од Велес.

„Била побарана помош, лицето имал отежнато дишење. Испратена е лекарска екипа со доктор Јадранка Мишкова, која била на лице место“, кажа за ТиРековМиРече д-р Василка Пановска, началник на Итната помош.

„Веднаш по повикот се упативме на местото на настанот. Пациентката беше без знаци на живот, без пулс, со агонално дишење. Минуваше екипа од приватна болница Филип Втори, кои сами пријдоа, имаше кардиолог во возилото, кој застана и со неговата екипа ја реанимиравме. Побаравме помош и од уште едно возило на велешка итна помош. Реанимацијата траеше 60 минути, беа пуштени повеќе инјекции со адреналин, но беше без успех“, изјавила д-р Јадранка Мишкова.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...