9.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале затоа што ВМРО ДПМНЕ во 2001 година но и денес посакувало војна вели Стојанче Ангелов за оваа скандалозна изјава од страна на министерката.

Колку за потсетување војната во 2001 ја започна т.н. ОНА или УЧК која во своето комунике број 4 јасно кажа дека нивна цел е ослободување на вековните албански огништа од славомакедонскиот окупатор. Со оглед дека вооржените дејствија се одвиваа во тетовскиот, скопскиот и кумановско – липковскиот регион се доаѓа до логичен заклучок дека според УЧК оваа територија е нивна а тие за да ја ослободат започнаа со напади и убивања на припадниците на македонските безбедносни сили а подоцна и на цивили Македонци.

Впрочем и тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон најдобро опиша со кого си имаме работа дефиниријаки ги УЧК како убијци и разбојници.

Значи министерке Петровска, не ВМРО ДПМНЕ туку Али Ахмети и УЧК започнаа долго и внимателно подготвувана војна за да отцепат дел од македонската територија. Но ние, македонските бранители од 2001-та, тоа не им го дозволивме. Не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја- вели Стојанче Ангелов.

Видео Тука од изјавата

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...