16.9 C
Ohrid
понеделник, септември 16, 2024
ПочетнаСветДоколку сакате ова лето да патувате за Грција и Бугарија цените ќе...

Доколку сакате ова лето да патувате за Грција и Бугарија цените ќе бидат пониски за 60%

“Здравствен пасош“ е една од методологиите за безбеден влез во земјата, што би можела да се воведе за време на туристичката сезона за патување во Грција, односно туристите да се тестираат за ковид-19 пред да влезат во авион, во нивните матични земји, според Министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис.

Во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, Теохарис рече дека една од методологиите е да се прават тестови на оние кои што доаѓаат, а за да го објасни процесот го употреби терминот „здравствен пасош“, што во пракса би значело турист од Германија да се тестира во Германија за ковид-19 пред да пристигне во Грција.

Меѓутоа, министерот за туризам истакна дека потребно е, а и лично тој притиска Европската унија и Европската комисија, да постои заеднички европски разговор и договор за некој вид на протоколи.Планирaте летување во Грција? Омилените дестинации на македонските ...

– Ако се согласиме сите, тогаш може тестовите да бидат при влезот, пристигнувајќи на аеродромите и така да имаме многу подобра методологија и помалку проблеми – рече Министерот за туризам на Грција, но истакна дека секако ова е сложено бидејќи „едно е на аеродромите, друго на копнените граници, друго на пристаништата, но во секој случај треба да се најдат реални начин на функционирање.“

Според надлежниот министер, целта на Грција е да се отворат „портите за влез во земјата“, бидејќи како што објасни, туризмот е важен дел од економијата и додаде дека почетно, се фокусираат на јули, август и септември, а долгорочно и на септември и октомври.

Објасни дека постои интерес од странство, повеќе нема откажувања на аранжмани, а тие како Министерство се во континуиран контакт со големите тур оператори за да се наполнат големите хотели.

Повеќе од 60% од бугарските хотелиери имаат намера да ги намалат цените на летните пакети за одмор, покажа истражувањето на Националниот институт за статистика (НСИ) на Бугарија.

50,4% од испитаниците планираат на своите клиенти да им понудат алтернативен период за користење на веќе направените резервации. Во исто време, 62,5% од нив имаат намера да ја намалат цената на пакетот за летување, а 52,1% цената на едно ноќевање.

Според анализите, и во Хрватска се очекува пад на цените за сместување.

галама

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров државен јуниорски првак

Во поединечна конкуренција на Државното првенство во кајак на мирни води што викендов се одржа во Струга, Кристијан Лазаров член на ККК „Арка-Борец“ од...

Игор Стефаноски победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1!

Македонија, ова е за тебе! Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1! Овој успех не е само мој, туку на...

Угина мечка во ЗОО Битола ‼️…

Угина мечка во ЗОО Битола ‼️… Скандал по скандал, ја следат Зоолошката градина во Битола. Животните кои со децении се чуваат како затвореници, во крајно...

Стојанче Ангелов го прослави 52-ри роденден со две торти

Стојанче Ангелов го прослави 52-ри роденден со две торти. Еден по еден, еден. Една по една… 52. Така денес Стојанче Ангелов ги брои своите години,...