20.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаДали учениците да се вратат во училиштата ќе се дискутира следната недела

Дали учениците да се вратат во училиштата ќе се дискутира следната недела

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Учениците од своите другари и наставници годинава ќе се простат преку разните платформи кои нудат онлајн настава. Министерот за образование, Арбер Адеми изјави дека до овие моменти не било дискутирано за можното враќање на наставниот процес во училиштата. Додаде дека тоа зависи од мислењето на експертите во соодветните области, објави Алсат М.

<

-Сега не би можел да кажам дали во текот на учебната година можат да се вратат учениците во училиште бидејќи тоа зависи од мислењето на експертите, особено од епидемиолозите и евентуалните ризици со кои можеме да се справиме како општество, а особено децата. Затоа, уште повеќе кога имаме во предвид дека уште малку остануваат до крајот на учебната година, што значи дека таквата одлука ќе се заснова на мислењето на експертите од областа, епидемиолозите и истото ќе се разгледува во Влада, а ќе се земаат во предвид сите околности, вели Адеми.
Кога станува збор за оценувањето на учениците, Адеми рече дека сите резултати прикажани од учениците во овој период ќе бидат земени во предвид. Наставниците се должни да продолжат со оценувањето на учениците. Исто така, министерот Адеми најави дека во текот на оваа недела ќе има конечен предлог упатен до Владата во врска со државната матура.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...