4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаОва е екипата што снимаше Велигден во Бигорски: Бевме 6 лица, а...

Ова е екипата што снимаше Велигден во Бигорски: Бевме 6 лица, а требаше 12 луѓе за таков тип на пренос во живоЕ 12 ЛУЃЕ ЗА ТАКОВ ТИП НА ПРЕНОС ВО ЖИВО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со вкупна бројка од над 1 милион прегледи во 3 дена на социјалните мрежи, ова е екипата од моја страна и дел од браќата и сестрите од Бигорски манастир што се погрижија да сме пречекани со супер позитивна енергија за големиот Христијански Празник Велигден

<

Поради моменталната ситуација со карантини и сл. од страна на 2С студио бевме 3ца + 3ца, па екипата беше одбрана така што да може да има познавање во повеќе области (камера, миксер, сигнали итн) за во одреден момент работи како и за 2ца или 3ца, бидејќи минималната бројка за да се реализира ваков тип на пренос во живо е 12 луѓе.

Се работеше целодневно со секојдневни различни сетапи за максимално доловување на енергијата и пренесување на Велигденските литургии до Вас на малите екрани.

И покрај тешкиот терен за работа, посебно за бежичната технологија каде ѕидовите на градбите се и до метро дебели камења, успеавме со минимални технички проблеми да ја доловиме и надворешната атмосфера.

Исто така мали проблеми со аудиото на моменти имавме но екипата беше таа што беше, иако имавме целосна опрема и за тоа.

Користевме вкупно 8 камери, 600 метра кабел, 3 бежични, 1 камера на јаже, Дрон и 100/100 интернет.

Сигналот беше 1080п т.е. Фул ХД.

Браво за Операторите на камери кои издржаа машки Кристијан Ѓоревски (Кико) и Нико Путица и по 6 сати на ден, 3 дена, посебно ронинот кој го имаше Александар Пауновски Леце со 6кг на него елементи.

Браво и за Стојанче Паше кој беше од припомош во комбинција со Леце. Благодарност до Стојанче Дримкаст од Битола

Јасмина Колоска која беше на миксер т.е. работеше на 2 миксери со повеќе камери (не за торти) се надевам дека едното око не и глеат лево, другото десно сеа хехе.

За мене немат шо да кажам пошо со 2 сати спиење не памтам ништо :)))) се зезам, и 1 сат е доволно во Бигорски на таа енергија и локација, па како човек кој организира се, поврза, намести и работеше се таму кај шо фали човек, дадовме сите се од себе па се надевам дека ви се допадна како за прв пат ваков пренос во живо на Велигден од Бигорски Манастир.

Следуваат деновиве повеќе фотографии и видеа од тоа како се работеше и како течеја стримовите.

Благодарност до АРХИМАНДРИТ ПАРТЕНИЈ што не благослови да го направиме ова да изгледа вака.

За многу години

www.2sstudio.mk

www.bigorski.mk

На www.livestream.mk за скоро ќе бидат поставени сите преноси во живо во една листа.

Фотографираше Даниел Колевски
news24

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...