31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПриватните стоматолози бараат од Стоматолошка комора 200.000 евра заради справување со кризата

Приватните стоматолози бараат од Стоматолошка комора 200.000 евра заради справување со кризата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Приватните стоматолози и докторите по дентална медицина бара од Стоматолошката комора на Македонија, да им донира финансиски средства во висина од 200.000 евра, заради справување со Ковид 19 – кризата. Според нив, тоа биле средства кои ги плаќаат околу 3000 доктори по стоматологија и затоа имале право, во услови на ваква криза, да побараат еден сериозен дел од нив да се намени за олеснување на работата и подигање на нивото на лична заштита на лекарите кои се активно вклучени во итната стоматолошка заштита за време на вонредната состојба. Од Здружението тврдат дека во Комората за осум години се наплаќале по 300 денари годишно од секој доктор по основ на солидарност, а раководството на Комората не ги издвојувало во Фонд за солидарност, туку биле трошени ненамески.

<

Од април 2011 до јули 2018 по овој основ биле собрани околу 100 000 евра. Во апелот од Здружението се вели дека ова било шанса раководството на Комората да си ја испере совеста и да одлучи сите 3000 доктори по стоматологија да бидат донатори, бидејќи станувало збор за нивни средства.

Понатаму, во дописот до Стоматолошката комора, од Здружението објаснуваат дека на ваков јавен апел се одлучиле, бидејќи биле поучени од изминатите лоши искуства при комуникацијата со Комората, кога сите нивни дописи биле целосно игнорирани. Приватните стоматолози сметаат дека Комората можела без никаков проблем да издвои 200.000 евра и притоа да нема пореметувања во нејзината редовна работа, освен што можеби ќе се нарушел комодитетот на некои поединци во Комората. Затоа, како што појаснуваат од Здужението, тие бараат средствата да бидат донирани на наменската сметка на МЗ, како би се избегнало влегувањето во лични бизнис- интереси.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...