6.5 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаРатите за тие што имаат кредити ќе се "замрзнат"на три месеци

Ратите за тие што имаат кредити ќе се “замрзнат”на три месеци

spot_imgspot_img

Граѓаните и компаниите кои имаат кредит во банка ќе може да ги одложат ратите за најмалку три месеци, додека некои банки размислувале одложувањето да биде и за шест месеци. Уредбата треба да помине најверојатно на утрешната владина седница, по што ќе се знаат сите детали за постапката. По критиките во јавноста дека Владата не го следи примерот на другите земји кои веднаш воведоа мораториум за плаќањата на обврските на граѓаните и компаниите, Ангеловска вели морале да смислат системско одржливо решение дури и во вонредни услови.

„Уредбата моментално вели дека секоја банка ќе објави на својата веб страна или ќе го извести својот клиент за поповолните услови односно одлагањето на обврските. И доколку физичкото лице во рок од 10 дена не се произнесе, односно не каже дека ја одбива понудата ќе се смета дека поповолната понуда за репрограм односно за одлагање, се смета за прифатена“.- изјави министерката за финансии Нина нгеловска.

Ликвидноста во буџетот и стопанството, како и секое работно место Владата ќе го штити со заем од околу 600 милиони евра. Ќе се задолжиме со 400 милиони евра кај странски банки, во вид на таканаречен заем пред обврзница. Парите ќе се вратат откако ќе се издаде еврообврзница, планирана на околу 500 милиони евра. Од ММФ ќе се повлечат 87 милиони, а од Светска банка ќе се бараат 100 милиони евра.

„Очекуваме најголемите ефекти од Корона кризата да се почувствуваат во вториот квартал, односно тоа црно сценарио кое што го зборуваме, за кое што е важно дека сме подготвени е драстично намалување на даночните приходи во услови на рестрикции за заштита на здравјето во услови на намалена економска активност. Согласно тоа овој шок очекуваме дека ќе биде најголем во вториот квартал од годината.- рече Ангеловска.

Нема да се прави ребаланс на буџетот но ќе има кратења на расходните страни и пренамена на средства помеѓу буџетските корисници. Ангеловска не одговори дали се размислува за кратење на платите на администрацијата и функционерите, туку порача дека сите треба да бидеме солидарни и да го поделеми товарот од Корона кризата. Кои мерки ќе ги содржи вториот пакет за помош на стопанството, и каде и какви кратења во буџетот ќе има, најави дека ќе се знае во наредните денови.

Александра Филиповска- Телма Телевизија

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...