17.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаМакедонијаМаксим Димитриевски тврди дека воопшто немал корона- бара државата да испита какви...

Максим Димитриевски тврди дека воопшто немал корона- бара државата да испита какви тестови користи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Точни ли се резултатите од тестовите за коронавирус кои ги спроведува Министерството за здравство? Ова прашање се поставува откако градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски пред една недела на тестирање од Центарот за јавно здравје беше позитивен на Ковид 19, за сега по тестови направени во две приватни лаборатории да биде негативен на коронавирусот. Алфа стапи во контакт со првиот човек на Куманово, тој вели државата треба да си ги провери тестовите, бидејќи нејасно е како нивните покажуваат едни резултати, а оние на приватните лаборатории други.

<

–Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство. Сите тестови се НЕГАТИВНИ, порача на Фејсбук Максим Димитриевски.

Димитриевски веќе писмено побарал од епидемиолошката служба при Центарот за јавно здравје Куманово, да ги разгледа резултатите од тестирањата, доколку е потребно да се направи повторен тест, и под итно да достават барање укинување на решенијата за самоизолација, како за него и неговото семејство, така и за сите негови контакти кои биле посочени во епидемиолошката анкета.

–Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во Општинскиот штаб за заштита и спасување да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата, пишува на Фејсбук Димитриевски.

Покрај Димитриевски, и раководителот на регионалниот центар за управување со кризи, Горан Стојановски, кој е член на кумановскиот кризен штаб, тврди дека е негативен на Ковид 19. Од поодамна во јавноста постојат сомнежи дека Куманово е жртва на внатрепартиска битка во владејачката СДСМ, тие станаа уште поголеми бидејќи Владата не ги прифаќа барањата на Општинскиот кризен штаб за карантин на градот. Откако тестот на Димитриевски стана негативен бура реакции има и на социјалните мрежи. Аналитичарот Алекандар Пандов се сомнева дека власта вака се справува со политичките непријатели.

–Верувам и во најтоталитарните режими, не им текнало сега своите политички непријатели да ги елиминираат со тоа што човекот ќе го прогласат за ,,позитивен“ на корона и го пикаат две недели во домашен притвор, која тие ја нарекуваат самоизолација!, пишува Пандов.

За некакви дворски игри обвинуваше токму и Димитриевски. Вели дека страшно се лажело од лица кои не смеат да го прават тоа во овие моменти, бидејќи одговараат за здравјето на сите граѓани. На Фејсбук реагираше и аналитичарот Ивор Мицковски, вели станува се поочигледно дека некој од властите опасно лажел и вели дека ова не покажува ништо добро за состојбите во СДСМ и уште помалку за лидерскиот врв на партијата.

Автор  – Матеја Петровски  Извор- Алфа ТВ

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ...

Судот му додели куќен притвор на возачот кој го уби Југослав

Скопје се соочува со сериозни прашања по трагичната сообраќајна несреќа во која младиот Фатон Љ. (25), возејќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола, минатата недела...

Трагедија во Швајцарија: Охриѓанка и нејзиното бебе пронајдени мртви со убодни рани !!

Тешка трагедија ја потресе македонската заедница во Швајцарија. Охриѓанка и нејзиното едномесечно бебе се пронајдени мртви со убодни рани, по наводна вербална расправија со...

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети- Погрешно ме разбраа !!!

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за неженети и немажени лица во Македонија, појаснувајќи дека неговата претходна изјава е погрешно протолкувана....