5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМалески барал да биде министер за надвореши работи на државата за...

Малески барал да биде министер за надвореши работи на државата за која отворено бил против да биде независна-и му дозволиле

Поранешниот главен и одговорен уредник на Македонската телевизија, Диме Ратајковски на својот фесјбук профил сподели видео односно фрагменти од неговиот најнов публицистички проект – прилози кон современата македонска историја. Тој објави видео мемоари со академик Блаже Ристовски кои се направени непосредно пред да почине, а во кои раскажува за Денко Малески, за првата Влада во независна Република Македонија и ставот на министерот за надворешни работи во однос на осамостојувањето на Република Македонија.

Денко Малевски деновиве е повторно актуелен во македонската јавноста откако во негова колумна за интернет портал истакна дека македонскиот и бугарскиот народ биле еден народ во минатото.

– ДЕНКО МАЛЕСКИ И ПРВАТА МАКЕДОНСКА ВЛАДА

РАЗГОВОРИ СО АКАДЕМИК БЛАЖЕ РИСТОВСКИ

„Јас дојдов дома, му се јавив на Лепавцов, му викам вака и вака, Киро не ја прифаќа твојата кандидатура, меѓутоа мене ми дава мандат да формирам влада. Јас сакам да те прашам, дали ти би бил согласен да учествуваш во таа влада? За големо изненадување мое тој вели да, ќе учествувам како Министер за сообраќај и врски итн., има поголемо име тоа министерство. Меѓутоа јас цела ноќ не преспав. Утрето му отидов на Киро (Глигоров м.з), и му викам, Киро, не може вака, сепак, мислам дека треба да биде економист на чело на Владата. Наместо Кљусев да ми биде потпретседател, јас ќе му бидам потпретседател, а тој нека ја формира Владата. Заедно ќе ја формираме Владата со Кљусев. И така би. . . . „…Го предложив Денко Малески, сметајќи дека тој е син на татко со кого бевме блиски, и за кого знаев дека е човек кој не може да мисли поинаку. Му кажавме на Денко да биде потпретседател (на Владата м.з). Тој се согласи. Ама утрето сабајле се јавува, се премислил и рекол: Не, рече, ако може Министер за надворешни работи, добро, ако не, не прифаќам потпретседател! Кљусев ми вика, што правиме сега? Ај, биди ти потпретседател и министер за надворешни работи. Му викам, Кљусев, тоа е преголем товар за тие два ресора да ги водам. Уште повеќе, јас мислам дека Денко Малески, со доброто владеење на англискиот јазик, оти јас не го владејам многу добро за да можам да контактирам со светот на едно достојно ниво, подобро ќе биде Денко да го вклучиме за Министер за надворешни работи. И така и би.

 

За жал, подоцна се покажа дека тој не е согласен за осамостојување на Република Македонија. На два состанока на безбедносните совети тој даваше изјави, записнички констатирани, дека не е согласен со самостојност на Република Македонија. Јас му кажав на Кљусев, му кажав на Глигоров дека имаме проблем. Тој е Министер за надворешни работи, а е против самостојноста. А ние готвиме одделување од Југославија. На една средба со Денко во кабинетот на Кљусев, тука беа уште двајца други министри, разговаравме за тоа и Денко даде оставка, писмена. Киро Глигоров имаше посебен однос спрема Денко, и го советуваше Кљусев да не ја прифати. И Кљусев само ја смачка молбата за отказ, и не му даде отказ. Меѓутоа по разговорот во канцеларијата на Претседателот, тој на вратата уште еднаш јасно и гласно рече: САМОСТОЈНОСТ САМО БЕЗ МЕНЕ! И ја тресна вратата! И така имавме после доста несогласувања, отпори итн. Меѓутоа ние ја формиравме Владата и Владата беше прифатена од Парламентот. На таков начин на 20 март беше формирана првата експертска влада на Република Македонија.“

 

 

 

 

blob:https://www.facebook.com/d731711c-a508-48f7-b139-6f77aa1b5ba3

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...