27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаСрце ме боли кога ја гледам како Македонија проси за заштитни маски...

Срце ме боли кога ја гледам како Македонија проси за заштитни маски и ракавици, светот крена раце од нас, дојдовме прва земја по смртност.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пандемијата оди кон крајот на нејзината прва фаза, а ние уште чекаме милосрдие и вест на денот е кога некој ќе ни донира нешто. Некој дал маски, друг ракавици, трет 12 респиратори, четврт ни дал тестови или скафандери, по некој шатор и сѐ така. Заличивме на просјачка земја, а не ни е финансиската состојба таква да треба така да се однесуваме затоа што станува збор за набавки кои буџетот може да ги поднесе, пишува поранешниот премиер Никола Груевски на фејбук.

<

„Терајќи вака со донациите дојдовме да бидеме земја со убедливо највисока смртност во регионот на еден милион жители и втора со најмногу заразени во апсолутни бројки. Засега и сѐ до масовното вакцинирање покрај социјалната раздалеченост, заштитните средства ќе се единствениот инструмент за спречување на заразата со ковид 19. За секој кој смета дека кризата се надминува, потсетување дека заштитните средства ќе станат задолжителни и нужни уште најмалку цела една година. И донаторите ќе кренат раце од нас, доколку не се организираме. До кога ќе живееме со ментален склоп на штитеници? Зошто ни треба некој да ни кажува дека во кризата стои зад нас и нас тоа да ни дава кураж како да сме деца, наместо самите да се организираме и да покажеме дека знаеме, можеме, помагаме на себе и на други. Си ги решаваме проблемите сами. Да бидеме пример за многу други“, порачува Груевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...