20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев ни го честита 1-ви мај: ''Почитувани работници, вие сте мојот мотор,...

Заев ни го честита 1-ви мај: ”Почитувани работници, вие сте мојот мотор, вие сте моторот на македонската економија”

Екс премиерот на Северна Маекедонија им го честистита празникот на трудот.

Почитувани работници, вие сте моторот на македонската економија. На овој Први мај сакам да ви се заблагодарам за напорите што ги правите, за истрајноста што ја покажувате и за солидарноста која ве краси. Да продолжиме заеднички да се справуваме со кризата што го опфати целиот свет и сигурно ќе ја извојуваме најголемата победа со тоа што ќе ги задржиме работните места.

Поради глобалната пандемија од коронавирусот, оваа година, Денот на трудот го одбележуваме во несекојдневни, вонредни околности, во кои солидарноста, тој взаемен однос кон другите, кон работниците е темел на нашиот морал.

Се бориме за работните места и за основен приход на секој наш човек. И свесни сме за ризиците. Синдикалните здруженија ја посочија опасноста од можни негативни ефекти врз работниците во приватниот сектор. Тука сме да им кажеме на сите: злоупотребите не смее да се толерираат! Заедно ќе се бориме против сите обиди за кршење на работничите права или за загрозување на солидарноста.

Фер и праведно е сега фирмите да им обезбедат достоинствен приход на своите работници и да ги задржат на работа, преку помошта обезбедена од државата. Оние компании кои непречено функционираа и за време на кризата, фер и праведно е да ги наградат своите вработени кои и во вонредни околности посветено работеле и создавале. Тоа е солидарност, тоа е праведност.

Напредокот ќе го обезбедиме само ако работниците во нашата земја се вреднувани, мотивирани и почитувани, работници кои се сигурни и заштитени на своите работни места. Тоа го потврдивме во изминатите 2,5 години, со низа мерки и политики кои го вреднуваат трудот. Се бориме за достоинството на работникот, ја покачивме минималната плата од 9.000 на 14.500, ја покачивме просечната плата, а невработеноста ја намаливме на историски најмали проценти.

Денес, кога заедно се трудиме да го видиме крајот на здравствената криза, заедно со сите граѓани и сите работници се движиме кон новата нормалност. За да ја постигнеме целта, мора секој од нас да даде свој придонес, сите да ги почитуваме мерките и така да обезбедиме брана за опасната зараза.

✊ Нека ни е честит Празникот на трудот! #1Мај напиша на својот профил Зоран Заев

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...