9.1 C
Ohrid
среда, октомври 21, 2020
Почетна Македонија Во Македонија се повеќе мажи пријавуваат дека се жртви на семејно насилство...

Во Македонија се повеќе мажи пријавуваат дека се жртви на семејно насилство (Видео)

Translate (Eng):[gtranslate]

Проценките на стручните служби кои работат во областа на семејното насилство се покажаа како точни. Полицискиот час и мерките за ограничување на движењето го зголемија бројот на пријави за семејно насилство. Од шелтер центарот во Струмица кој работи на згрижување и заштита на овие лица велат дека со стартот на рестриктивните мерки значително се зголемил и бројот на лица кои побарале помош од нив. Најголемиот дел од пријавите биле за време на карантинските викенди и полициски час.

– Се зголеми бројот на жртви коишто дојдоа и побараа помош во центарот. Она што можам да го кажам е дека станува збор за жртви кои што интервентно побараа да бидат сместени, значи не во оној максимален период што центарот го нуди од три месеци, туку побараа да бидат сместени само во период на време траење на таканаречениот полициски час, во време на викендот. Понатаму согласно нивното слободно право излегоа од центарот и си продолжија онака како што тие сметаат дека е најдобро, вели Катерина Дафчева, Шелтер центар за жртви од семејно насилство.

Токму поради ваквата ситуација уште со почетокот на вонредната состојба од шелтер центарот најавија зголемување на капацитетот и бројот на легла. И покрај ублажувањето на мерките за движење нивниот стручен тим останува во приправност и стои на располагање за помош и поддршка на оваа ранлива категорија граѓани.

РЕКЛАМА

– Потенцираме дека не важи забраната за движење доколку се жртва на семејно насилство. Можат слободно да одат до полицијата, да го пријават случајот, а потоа нашата интерна комуникација со полицијата, полициските служби, со инспекторите кои што работат семејно насилство, поврзани со центарот за заштита од семејно насилство пристапуваме за да им се даде помош 24/7, вели Дафчева.

Дека семејното насилство во југоистокот од државата бележи пораст потврдува и статистиката на МВР. За околу месец дена, во полицијата пристигнале 49 такви пријави што е значително зголемување ако се спореди бројката од лани кога за цела година се регистрирани околу стотина случаи. Се поголем е бројот и на мажи кои пријавиле дека биле жртви на насилство во нивните семејства. Во полициската евиденциа стои дека од 10 март па заклучно со 20 ти април биле пријавени 5 кривични дела кои ги извршиле исто толку сторители.Жртви биле три жени и двајца мажи. Поднесени се и 42 поплаки против 33- ца мажи и девет жени. Овде жртви биле 18 мажи и 26 жени.

- Реклами -