5.9 C
Ohrid
сабота, март 6, 2021
Почетна Македонија Лидерите на политичките партии разговараа на отворено под маски, но како пијеа...

Лидерите на политичките партии разговараа на отворено под маски, но како пијеа вода со маските?!

Translate (Eng):[gtranslate]

Повеќе од два часа дебатираат лидерите на политичките партии и премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието Талат Џафери на средба кај претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно за терминот за парламентарните избори. Поради запазување на мерките за превенција од коронавирусот средбата се одржува на отворено под тенди, на балкон од Вилата Водно. Сите учесници на средбата се со маски и седат на растојание и целиот нивен разговор се одвиваше под маски, но како ја пиеа водата и сокот?! зошто зборуваа под маски кога за да се напие секој чаша вода или сок ќе мора да ја тргне заштитната маска, а како што може и да се забележи мерката од држење растојание, така да можеше и разговорот да се одвива и без маска, за да се слуша подобро.

На средбата присуствуваат претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движење Беса Билал Касами, како и претставници на ДПА.

Главна тема на лидерската средба е терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19. Лидерите исто така се очекува да зборуваат и за евентуално продолжување на вонредната состојба, за состојбата со коронавирусот во земјата и препораките на здравствените власти, и како да се спроведе кампања и гласање, а да се заштитат граѓаните.

РЕКЛАМА

Позициите на партиите се познати во јавноста, а партиски извори веќе информираат дека нивните лидери, главно официјално ги соопштиле на средбата. Лидерот на СДСМ Зора Заев кажал дека тие и нивните коалициски партнери се за избори на 14 јуни, додека од ВМРО-ДПМНЕ дека претставиле свој план од неколку точки.

Медиумските екипи се во очекување на крајот на средбата, по која се очекуваат изјави од лидерите.

- Реклами -