9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветИталијанската Влада дава по 500 евра за сите што сакаат да си...

Италијанската Влада дава по 500 евра за сите што сакаат да си купат нов велосипед.

spot_imgspot_img

Италијанската Влада ќе понуди субвенционирање на 70 проценти или до 500 евра за набавка на нов велосипед или електричен скутер, јави ДПА.

Министерката за транспорт, Паола де Микели, изјави денеска дека мерката ќе биде дел од претстојниот пакет економски стимул од 55 милијарди евра за италијанската економија погодена од коронавирусот.

За време на видео конференцијата со претставници на Здружението на странски новинари, Де Микели рече дека законот ќе биде одобрен денеска или утре.

Субвенцијата ќе се однесува на жителите на поголемите градови со население од најмалку 50.000 луѓе и има за цел да го поттикне елоколошкото движење по ограничувањата наметнати од коронавирусот.

Според Де Микели поради барањето за социјална оддалеченост, многу помалку луѓе ќе можат да користат автобуси и трамваи, и ќе бидат принудени да бараат алтернативни начини за движење низ градовите како што е возењето велосипед.

Владата планира и промени што ќе им олеснат на локалните власти да градат ленти за возење велосипеди, рече Де Микели.

алфа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...