27.9 C
Ohrid
сабота, јули 13, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Вработените запечалија многу пари зашто нема каде да ја трошат платата

Заев: Вработените запечалија многу пари зашто нема каде да ја трошат платата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во денешната емисија Топ тема на Телма телевизија, истакна дека вработените во админстрацијата биле во ќар затоа што немало каде да ги трошат парите, па затоа заштедиле по 15.000 денари од својата плата.

Заев отиде до таму што ги критикуваше вработените во администрацијата дека не биле солидарни.

-25 000 денари зема еден административец, 6000 денари во просек враќа кредити, 19 000 денари ги трошиме, сега во април месец 10.000 денари е потрошувачката од тие 25.000 денари затоа што седиме дома, нема каде да ги истрошиме, трошиме за јадење, плаќаме сметки, но потрошувачката е 10.000 денари, сега 15.000 денари испаѓа дека некој ќе ги ќарел во овој период, вели Заев.

Заев вели дека тоа не било солидарно, се што имале како ќар вработените требало да се потроши, се што имало требало да се потроши, за да, како што вели, врти денарот.

Македонија ќе биде земја којашто ќе има најнизок импакт на економијата од корона кризата, спротивно на анализите од страна на економските експерти, вели оптимистички Заев.

извор: Курир

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Медицинска сестра малтретирала бебе?!!- Таравари вели одговорност ќе има!

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва во објава на Фејсбук информира дека дознал за случајот со претепаното тримесечно бебе на Клиниката за детски болести,...

64. Издание на Охридско лето започна синоќа со настап на виолионистот Џулијан Рахлин

64. Издание на Охридско лето започна синоќа со настап на виолионистот Џулијан Рахлин и уметниците од оркестарот на Македонската филхармонија. Охрид периодов е културен центар...

Две малолетни момчиња и две девојчиња на возраст од 14-17 години, пронајдени во куќа во Скопје во безсознание и со повреди на телата

Две малолетни момчиња и две девојчиња на возраст од 14-17 години, попладнево се пронајдени во куќа во Скопје во безсознание и со повреди на...

Врие од полиција во скопски Центар по вознемирувачките снимки објавени во јавност

Врие од полиција во скопски Центар, откако вчера во јавноста беа пуштени вознемирувачки снимки од деца кои вандализираат парк во Капиштец. Снимките ги анализираат...