16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаСемејството Стајиќ, основачи и сопственици на Gulf Oil донираат 1 милион денари...

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на Gulf Oil донираат 1 милион денари за семејството на Емилија Динева, чии органи беа донирани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија донираат 1 милион денари за семејството на трагично починатата Емилија Динева, чии органи беа донирани за да се спасат 3 други животи.

<

Минатата ноќ, беше направена првата успешна трансплантација на срце и беше спасен еден човечки живот, благодарение на хируршкиот тим на клиниката за кардиологија во Скопје, но пред се благодарение на семејството на Емилија Динева кои се согласија органите на Емилија, нивната мајка и сопруга, да бидат донирани на тројца кои имаа потреба од нив пишува Лаибертас.

Трагична, емотивна и мотивирачка приказна која ја потресе целата јавност, а воедно и даде надеж на многу луѓе кои на еден или на друг начин се засегнати од приказната.

„Нашето семејство изразува длабоко сочувство до семејството Диневи и воедно им изразува огромна благодарност за хуманиот гест кој им овозможи на 3ца да ги продолжат своите животи. Можеме само да замислиме низ што поминуваат и се надеваме дека барем малку можеме да им помогнеме. Треба да се горди.“ – велат од семејството Стајиќ.

Воедно, се надеваат дека ова семејство ќе мотивира и други да го следат примерот и да продолжат да се спасуваат човечки животи, да се најде барем малку среќа во било која несреќа, велат од таму.

извор:libertas

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...