-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСе огласи семејството на Динева: Во најтешките мигови се одлучивме за најтешкото,...

Се огласи семејството на Динева: Во најтешките мигови се одлучивме за најтешкото, се надеваме дека нашиот пример ќе го следат и други.

spot_img

Во Македонија беше направена историска трансплантација на срце, истата беше успешна, а покрај хероите доктори и медицински сестри, најголема херој на Емилија Динева.

Динева е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во нес реќа.

Од семејството на Динева порачаа дека и други треба да го следат нивниот пример. Во најтешки мигови тие се одлучиле дека најдобро е да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов за ,,Фокус” вели дека е горд на неговата сограѓанка Емилија и на нејзиното семејство. Тие му биле соседи, вели дека познавајќи го семејството цел живот, веста длабоко го трогнала.

-Емилија е родена во Јосифово, долги години со сопругот живее во Стар Дојран, мои соседи се и луѓе кои ги почитувам. Во понеделникот се случи несреќата, која за жал заврши кобно.

Таа беше во кома изминатите денови, не преостануваше ништо друго… Одлуката да се донираат нејзините органи ја донесе целото семејство, сопругот на Емилија, нејзината ќерка која има 23 години и синот кој има 18 години. Нема зборови со кои може да се опише нивната големина. Оставија траг во нашето здравство, во нашата медицинска историја – емотивно раскажува Ангов.

Додава дека покрај огромната тага која што ја чувствува цел Дојран, сите се истовремено горди на ова семејство.

-Уште е рано да се зборува, но секако дека во план ни е Емилија да добие постхумно признание од нашата Општина, да се остави белег на ова што се случи. Да се следи примерот на семејството Диневи, да се подигне свеста за донирањето на органи. Во едно семејство денес има тага, други три семејства започнуваат нов живот. Засекогаш ќе бидат споени во својата болка, но и благодарност.

Тешки се овие моменти за сите. Во постојан контакт сум и со министерот за здравство Венко Филипче, ќе сториме се што можеме да му помогнеме на семејството во овие тешки моменти, но и да се запомни големината на сите овие луѓе- порача градоначалникот Ангов

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...