21.9 C
Ohrid
недела, јуни 15, 2025
ПочетнаМакедонијаOхриѓанецот Александар: И плачам и се радувам од среќа бидеќи јас сум...

Oхриѓанецот Александар: И плачам и се радувам од среќа бидеќи јас сум само еден од 20-мина кои чекаат трансплатација на срце.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како што е познато, изминатата ноќ успешно е завршена првата трансплантација на срце во земјава на државната Кардиохирургија.

<

Првото трансплантирано срце, синоќа, три часа по полноќ, зачука во градите на 54 -годишен пациент.

По шесовна часа операција, во сала на државната кардиохирургија, тим на врвни лекари ја изврши првата трансплантација на срце во земјава. Семејството на 43 годишна жена што го загуби животот во сообраќајка не среќа со мотор, одлучи, да спаси животи, донирајки ги и нејзиното срце и нејзините бубрези.

Се уште на јавноста не е познат идентитетот на човекот на кој што е пресадено срцето на Емилија Динева.

И плачам и се радувам, солзите сами течат оти сум среќен, ова беше долга непроспиена ноќ која донесе многу надеж за сите нас – верувајте, иако не бие во моите гради, го чувствувам, го слушам како силно чука тоа вистинско срце во градите на мојот пријател – со трепетлив глас полн оптимизам и ведрина утринава ни посака добро утро охриѓанецот Александар Димоски, кој е еден од 20-те мина пациенти кои чекаат трансплантација на срце.

До пред само половина година секојдневието на Александар кој работел како таксист било исполнето со посветена грижа околу семејството и битка за поудобен живот на 4,5 годишно синче. Но се тргна наопаку еден студен зимски ден кога почувствував силна болка кај срцето – вели тој.

Неговото срце толку слабо работело што не можел да земе здив. Ноќите ги минував спиејќи во подисправена положба, некогаш дури преспивав седнат на маса, оти се гушев – единствен спас беше вештачкото срце со кое живеам веќе 5 месеци, вели Александар за „Алфат ТВ.

– Многу е тежок животот со батерии, со струја,навечер треба да се полнам со струја.Ми е страв да не не се наполнат батериите, да не се испразнат.И овај не е живот таков лесен.Што ти било најтешко во овај период додека си болен? Најтешко ми е што го имам апаратот со батерииве дека тежат две кила, ми тежат, рече Александар Димоски.

Мајката на Александар, Елена раскажува како е да се биде мајка на чедо кое не знае што ќе му донесе утрешнината. Болеста на Александар, се случила во време додека таа лежела во болница, борејќи се за своето срце кое сега чука само за Александар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...

Мицкоски: Црешите оваа година се скапи бидеќи ги фати мразот.

Не не, цената на црешите за килограм не е 500 денари како што велите туку од 200 до 300 денари. Не велам дека таа...

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав.

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав. За него вчера беше пријавено дека исчезнал, а апелот масовно се споделуваше на социјалните...

Премиерот Мицкоски го отвори реконструираниот пат Охрид – Св. Наум- Вреден 11,7 милиони евра

Од брегот на Охридското Езеро, премиерот Христијан Мицкоски денеска го пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум, проект кој долго...