18.3 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаСветМедицинска сестра нападната во продавница: „Излегувај надвор, шириш микроби“

Медицинска сестра нападната во продавница: „Излегувај надвор, шириш микроби“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Медицинската сестра Кимберли Симпсон од Стафоршир во солзи излегла од продавница откако една жена внатре ја нападнала дека шири микроби.

<

Кимберли во продавницата влегла во својата работна униформа, а жената ја следела и ја нападнала што воопшто влегла.

Кога сфатила дека злоставувањето нема да престане, медицинската сестра почнала да ја снима жената.

„Знам дека не изгледам убаво додека плачам, но таа жена буквално ме следеше во продавницата и викаше дека не требало да ме пуштат да влезам да купувам, бидејќи носам униформа. Тврдеше дека не смеам да купувам работи кои не се основни (не знам како знае дека не купувам нешто за личност за која се грижам), наводно ширам микроби и корона. Ми се закануваше дека ќе ме пријави кај шефот, кој токму тој ми кажа дека не сум направила ништо погрешно“, напишала Кимберли после инцидентот.

Додала дека никој од луѓето за кои се грижи не е заразен од коронавирусот, па очигледно добро си ја работи работата.

„Викаше по мене десет минути пред да одлучам да ја снимам бидејќи ме следеше, а никој од вработените во продавницата не ми помогна, никој не застана во моја одбрана. Пар од Полска ми рече да не плачам и им благодарам. Ми се згрози од нејзиното однесување, не направив ништо погрешно“, напишала Кимберли.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...