4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаОбвинителството утврди - Несреќен случај за младите планинарии кои загинаа на Кајмакчалан

Обвинителството утврди – Несреќен случај за младите планинарии кои загинаа на Кајмакчалан

spot_img

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години загинаа двајцата млади планинари, Калина Велеска и Александар Миновски.

Итрагата утврдила дека на 10.02.2018 година на планината Ниџе, двајцата планинари при искачување на врвот Кајмакчалан во Република Грција, ги загубиле животите како резултат на несреќен случај, како и дека не се утврдило дека некое друго лице направило пропуст за да дојде до смртен исход кај двајцата планинари.

„Обвинителството спроведе претходна постапка во која презеде голем број истражни дејствија – беа направени проверки и обезбедени писмени докази преку Министерството за внатрешни работи, по дипломатски пат од Република Грција беа прибавени обдукционите протоколи за двајцата починати планинари, како и пропратната документација која се однесува на настанот, а е изготвена од надлежни органи на Република Грција. Освен ова, од мобилните оператори беа обезбедени листинзи за мобилни телефони на двајцата починати планинари и беше изготвено вештачење на пронајдениот телефон на едниот планинар. Во однос на мобилниот телефон на другиот планинар, дополнително беше побарано и обезбедно известување од мобилниот оператор за локацијата на тој телефон, но одговорот беше негативен и тој телефон не е пронајден.

Исто така, беа обезбедени писмени докази од Федерацијата на планинарски спортови и од Друштвото за планинарски спортови „Трансверзалец“, а воедно беше обезбедена и друга писмена документација. Во обвинителството, во текот на претходната постапка, беа испитани претставник од Федерацијата на планинарски спортови, претставник на Друштвото за планинарски спортови „Трансверзалец“, претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, повеќе сведоци – учесници на планинарската тура, законските застапници на починатите планинари, како и сведоци предложени од законските застапници. Во својство на осомничен, беше испитан и претседателот на Друштвото за планинарски спортови „Трансверзалец“, кој воедно бил и еден од водичите на турата.

Од сите направени проверки во текот на претходната постапка, произлезе дека не постои основано сомнение дека лицето на кое обвинителството во текот на постапката му даде својство на осомничено лице направило какви било пропусти кои укажуваат на сторено кривично дело кое се гони по службена должност, односно беше утврдено дека од негова страна не се направени прекршувања на законски или подзаконски акти при организација и спроведување на планинарската тура и од кривично-правен аспект не може да се утврди дека смртта на планинарите е резултат на каков било негов пропуст.

Воедно, од кривично-правен аспект не се утврди дека некое друго лице направило пропуст за да дојде до смртен исход кај двајцата планинари, туку тие на критичниот ден ги загубиле животите како резултат на несреќен случај на двајца искусни планинари.

Во текот на постапката обвинителството утврди дека двајцата планинари на критичниот ден самоиницијативно се оддалечиле од групата и додека сите други учесници на турата почнале да се враќаат кон ски-центарот Ворас, тие започнале повторно да се искачуваат кон црквата на врвот на планината. Дел од групата планинари останале да ги почекаат да се вратат, па откако не се вратиле, околу 12 часот по локално грчко време, тргнале по нив за да ги бараат. Притоа ги довикувале, ги барале на мобилните телефони и по радиоврска која била кај еден од сега починатите, но не успеале да ги најдат, ниту да остварат контакт со нив.
Со оглед на тоа што не ги пронашле, другите планинари се симнале во ски центарот да проверат дали евентуално двајцата планинари се вратиле таму, но откако констатирале дека не се таму, веднаш пријавиле на одговорното лице во ски-центарот. Веднаш потоа во ски- центарот биле преземени мерки за пронаоѓање на двајцата планинари, при што била известена Специјалната единица за справување со катастрофи од Солун, Противпожарната служба од Едеса и Аридеа, службите за брза помош и полицијата.
Околу 13:30 часот по локално време започнува акцијата за пронаоѓање на двајцата планинари со два ратраци и друга опрема. Ратраците ги управуваат грчки спасувачи, а на едниот ратрак е водичот на групата, додека на другиот е друг македонски планинар. Во акцијата, околу 15:30 часот по локално грчко време се вклучиле и екипи од противпожарната служба и од специјалната единица за справување со катастрофи.

Истовремено, двајцата планинари постојано биле барани на мобилните телефони и по радио врска, па кога добиле повратна информација дека еден од планинарите по кој се трагало станал достапен на мобилниот телефон, продолжиле да ги бараат на тој телефон. По извесно време воспоставиле врска со едниот планинар кој почнал да објаснува каде се наоѓаат, но не можел точно да објасни, па на истиот телефон се јавил и другиот планинар за да ја објасни нивната локација. Нему му било кажано да свртат на бројот 112 и да вклучат ГПРС на мобилниот телефон. На тој начин биле лоцирани и спасувачките екипи започнале да им се приближуваат, но теренот бил непристапен, а временските услови биле лоши и доколку се продолжело со акцијата ќе биле доведени во опасност животите на спасувачите. Според наводите во писмената документација доставена од Република Грција, постоела и опасност од снежна лавина на теренот, па при вакви услови во 22 часот по локално време било одлучено од безбедносни причини акцијата да се одлижи за следниот ден на дневна светлина. Утредента акцијата продолжила, при што биле извлечени телата на двајцата планинари кои што починале од премрзнување“ се наведува во соопштението.​

извор: Makfax

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...

Митрополитот Петар: “Да се прогласи Св. Никола за неработен ден, за сите да можеме да се најдеме во храмовите и заеднички да празнуваме”

По 17-ти пат прилепчани вчера се поклонија пред својот заштитник на градот, Светиот Николај Чудотворец, празник кој најмасовно се празнува во градот под Марковите...