10.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаДржавата удри по легалните лихвари на брзите кредити- Дел од нив поминаа...

Државата удри по легалните лихвари на брзите кредити- Дел од нив поминаа со казна а другите со опомена !!!

spot_imgspot_img

33 финансиски друштва во моментот работат во земјава од кои 15 одобруваат т.н. брзи кредити. Во 10 друштва се констатирани неправилности при контроли од Министерството за финансии во текот на 2022 година.

13 глоби во вкупен износ од 16.000 евра и изречени се 20 мерки. Воедно дадени се наредби за отстранување на неправилностите кај 8 друштва кај кои се констатирани неправилности по Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. Кај 2 финансиски друштва се изречени само мерки – Наредби за отстранување на неправилностите.

Во рекламите на овие компании кои работат со брзи пари слушаме дека граѓаните можат да подигаат кредит без камата. За ова од организацијата на заштита на потрошувачи велат дека нема камати ама има трошоци кои граѓните треба да ги платат. Од Министерсво за финансии велат:

„Договорот што клиентот го склучува со финансиското друштво за одобрениот кредит ги регулира сите трошоци за кредитот“, велат од Министерството за финансии.
Па затоа потрошувачите при земање кредит колку и да е „брз“ треба добро да го прочитаат договорот, бидејќи не ретко се случува целата процедура за добивање да се одвива по електронски пат.

„Во моментов, во Владина процедура се измени на Законот за финансиските друштва, со кои меѓу другото ќе се ограничат вкупните трошоци на потрошувачки кредити што ги одобруваат финансиските друштва, со цел заштита на граѓаните од презадолженост“, додаваат од Министерството за финансии. А, додека се чека на законот, граѓаните кои се одлучиле на вакви кредити, треба многу да внимаваат. Каматите стигнувале од 50 до 100 проценти.
„Имаме ситуација, каде што граѓанин дојде во мојата канцеларија, кој што за подигнати 30 илјади евра, треба да врати 60 илјади евра. Според моето видување на нештата, тоа е озаконето лихварство, а лихварството е забрането со закон“, вели Јован Андоновски.

До Народниот правобранител има поплаки од граѓани кои земале вакви кредити. Добивале и закани и притисоци. Упатени се да пријават во МВР.

„Граѓаните се жалат и дека трпат дури закани и притисоци, дека доколку не го платат износот веднаш, не само што нема да им запре растењето на каматата, туку дека ќе им биде одземен и приватниот имот. Како тоа би се спровело, тоа е веќе друго прашање“, додава Јован Андоновски.
Инаку, со Законот за финансиските друштва се регулирани и условите за основање на финансиските друштва. Потребна е дозвола за основање и работа од Министерството за финансии. Доказ за уплата на парични средства на име основна главнина на привремена сметка кај носител на платен промет. Сопственик може да биде лице кое има три години успешно работно искуство во областа на финансиите или банкарството по завршувањето на високото образование. Не треба да биде член на орган на управување со банка, филијала на странска банка или штедилница, а сите останати услови се прецизирани во член 8 и 9 од законот.
Извор:Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за...

Ги слушнавме вашите гласови како одекнуваат низ улиците, одѕвонуваат од желбата за промена и обнова. И денес стојам пред вас, длабоко благодарен од вашата...

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...

Снежана Михајловска: Имав само 5 години кога бев силув*на, а човекот се вика Борче Трпковски !!!!

Снежана Михајловска во поткастот на Лазаров го кажа со име и презиме човекот кој пред 40 години ја силувал во неговиот дом! Таа имала...

Давкова до Пендаровски: Јас ви го признав резултатот, вие умрете барем машки

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова денеска се соочија во „Претседателска дебата“ на ТВ21. Силјановска Давкова му порача на својот противкандидат, кој...