16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Имало немало корона избори на 5 јули мора да има..

Заев: Имало немало корона избори на 5 јули мора да има..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дваесет и два дена по завршувањето на вонредната состојба ќе се оди на гласање. Заев е уверен дека бројките на новозаболени од коронавирусот и покрај актуелниот раст до денот на изборите ќе се намалат и нема да има никаква пречка за да се организира кампања и да се излезе на гласање.

<

„Токму заради заштита на здравјето на граѓаните изборите се решение, а датумот за нивното одржување е веќе завршена работа. Тие ќе се случат на 5 јули, за да добиеме најбрзо што може функционално Собрание и политичка Влада. Проблемите што ги предизвикува Наќе Чулев, мора да ги оставиме зад нас, а тоа е можно само со избори. Не е одговорно да ја оставиме државата без Парламент и со техничка Влада во која опозоцијата е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен. Нема нови аргументи за нови економски мерки и со тоа нема ниту оправдување за барање на нова вонредна состојба. Во таква ситуација, Изборите остануваат онака како што е пропишано соглансо Уставот и законите. Тие да се одржат на 5 јули, 22 дена по завршување на најновата вонредна состојба. Очекувањата на граѓаните од сите нас се да останеме посветени на здравјето, но и на унапредување на економската состојба рече Заев.

Според него, со заштитната опрема, маска, марама, физичка дистанца, одржување лична хигиена и внимавање на своето здравје можеме да се организираат избори без никаков ризик по здравјето на гласачите.

Од ВМРО ДПМНЕ велат по последните бројки за новозаболени и починати од вирусот несериозно е да се зборува за датум за избори.

Од ДУИ, кои први јавно се заложија за избори на петти јули, остануваат на ставот дека здравјето на граѓаните треба да биде пред се’, но дека институциите мора да функционираат со полн капацитет.

А, по изборите, вели пратеникот на ДУИ, Артан Груби ќе мора да се размислува за укинување на пржинската влада бидејќи се покажа како нефункционална во услови на криза и претставува хендикеп којшто резултира само со меѓусебни обвинувања.

Затоа е потребно да се има кредибилни и одговорни институции а на препукување и непревземање одговнорст за ситуацијата што предизвика своевидна безаконитост чии последици ги гледаме секојдневно.

Дека изборите на петти јули се неопходни, вели и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Инаку, денеска се точно три години од формирањето на владата предводена од СДСМ во 2017 година. Заев истакна дека донеле историски одлуки кои резултирале со членство во НАТО и одлука за преговори во Европската Унија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...