8.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаВЕВЧАНЕЦОТ НА КОГО МУ СЕ ПОКЛОНУВА ЦЕЛА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

ВЕВЧАНЕЦОТ НА КОГО МУ СЕ ПОКЛОНУВА ЦЕЛА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фудбалската федерација на БиХ го следеше примерот од некои европски земји и реши и официјално да го прекине првенството, односно сезоната 2019/2020 поради коронавирусот, па шампион стана Сараево.

<

Ваквиот епилог со фудбалот во Босна и Херцеговина му ја донесе втората титула по ред на ФК Сараево, а вкуно седма во клупската историја. По 22 кола, Сараево пред паузата поради Ковид-19 беше лидер со 45 бода, три повеќе од второпласираниот вечен ривал Жељезничар.

Како капитен и најдобар играч Сараево сезонава до првото место го предводеше Крсте Велкоски, македонскиот репрезентативец којшто веќе неколку години е симбол на екипата со бордо дресови.

За „Крки“ ова е трета шампионска титула во БиХ со Сараево и негов вкупно петти трофеј откако е во овој клуб. Велкоски е првиот и единствен фудбалер во историјата на овој трофеен босански клуб кој има пет трофеи, откако во 2014-та стигна на легендарниот стадион „Кошево“.

Велковски накратко го напушти клубот во јануари 2016-та, но набрзо се врати и со Сараево освои две титули и еден Куп на БиХ.

Македонецот е омилен лик во сараевските улици и права легенда меѓу бројните навивачи на Сараево, клубот кој од следната сезона ќе игра во квалификациите за Лига на шампиони на УЕФА.

Велкоски го очекува и бараж дуелот за пласман на Европското првенство 2021 против Косово.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...