6.5 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЧАИР : Умираат стари, ним им дошло да умрат а вирус нема,...

ЧАИР : Умираат стари, ним им дошло да умрат а вирус нема, велат жители на Чаир, кои утре со звучник ќе ги информираат како да се чуваат

spot_imgspot_img

Скопје и денеска со рекорден број на заразени со Ковид-19. Околните општини во опасност да бидат ставени во карантин доколку и натаму расте бројот на заразени. Општина со најголем број на заразени е Чаир, пренесува ТВ21.

Граѓанин: „Ковид-19 нема, луѓето што умираат се 70, 90 годишни, ним им дошло време да умрат. Нека кажат дали некој млад починал“.

ТВ21: Тогаш зошто ја носите маската?

Граѓанин: „Само ја ставив“

ТВ21: Се плашите да не ве казни полиција?

Граѓанин: „Да, затоа ја ставив, бидејќи болест нема, вирус нема“.

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека токму ваквиот став на граѓаните е причина за непочитување на мерките.

МЗ оценило дека потребно е во следниот период да се спроведе поагресивна кампања за коронавирусот. Тоа значи дека граѓаните ќе можат да видат како изгледа состојбата низ болниците, што е тоа тешка состојба и што значи пациент на респираторна машина.  Но има и граѓани кои веруваат дека постои вирусот и дека треба да внимаваме.

Самиот градоначалник на општината Висар Ганиу е во самоизолација поради контакт со заразено лице, тој за ТВ21 рече дека општината утре ќе почне да апелира до граѓаните преку автомобил со звучник, да ги почитуваат мерките.

„Денеска бевме да опремиме еден автомобил со звучник кој постојано ќе излегува на терен и ќе апелира до граѓаните да ги почитуваат правилата и препораките, но повторувам дека ние не можеме да носиме други мерки освен оние што ги носи владата“, истакна Висар Ганиу.

Ганиу не се согласува само Чаир да се стави во карантин доколку се влоши состојбата со коронавирусот.

„Јас мислам дека бројот расте не само во Чаир туку и во околните општини на Чаир и не би сакал да се преземат мерки само за една општина бидејќи вие знаете дека општина Чаир  E артерија која поврзува две други општини, Бутел и Шуто Оризари и овие две општини ќе се движат по нашите улици и не мислам дека е логично само Чаир да се стави во карантин“, додаде Висар Ганиу.

Од каде дошло до зголемување на бројот на заразени Ганиу не сакаше да коментира, тоа им го остава на здравствените власти, но додаде дека во последно време ја немало потребната контрола од страна на надлежните органи.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...