9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаГаздите кон работничките во Штип: Заразени, незаразени, ќе седите тука, кој преживее,...

Газдите кон работничките во Штип: Заразени, незаразени, ќе седите тука, кој преживее, преживее

Стравот од заразата со Ковид-19 е речиси еднаков со стравот да се остане без работното место во некоја од штипските конфекции.

Атмосферата на грубо и неправедно однесување на газдите продолжува, иако овој град со 106 заболени од коронавирусот се искачи на високото 6-то место по бројот на заболени, а кривата секојдневно оди нагоре. Сведоштвата на работнички што бараат газдите да се вразумат и да не им ги ризикуваат здравјето и животот покажуваат дека многуте апели и уредби за почитување на мерките биле прекршени.

Преписките меѓу вработени во конфекции, до кои дојде „А1он“ илустрираат каква е состојбата, на што се подготвени работодавците во време на кризата и колку е голем стравот на работничките да проговорат за третманот врз нив.

„Ми вика – заразени, незаразени, ќе седите тука, кој преживее, преживее. Решив да не одам на работа, ама не знам кој ќе ги рани децата зашто и онака останаа без татко“, вели една од работничките.

Друга, пак, вели дека газдите не разбираат колку е голем стравот на сите 200 работнички, кои секојдневно патуваат со автобусите во кои веќе имало заразени.

„Не можеш да му докажеш колку се плашиме. Патуваме со автобусот во кои се возеа пет жени што веќе се заболени. Се плашам ако дознае дека се жалиме, ќе останам без денар, две деца имам“, вели таа.

Имало и отказни решенија иако ова е забрането додека трае вонредната состојба.

„За време на пандемијата ме одјавиле од работа. Каде да се жалам, имам 3-годишно дете? Газдарицата рекла дека ќе даде плати, се плаши од инспекција, но мислам дека сите се поврзани и нема каде да се обратам“, прашува трета работничка барајќи помош.
Закани имало и дека сите ќе бидат одјавени ако не доаѓаат на работа, а некои, пак, оделе и до таму што лажеле дека работничките се во самоизолација, а тие биле на работа.

Во моментот и натаму со полн капацитет работат две од вкупно шестте конфекции во Штип.

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, преку својот фејсбук-профил апелира во наредните денови да продолжи проширено тестирање на вработените од петте текстилни фабрики.

„Да бидеме дисциплинирани и внимателни, апелирам на строго почитување на препораките од Mинистерството за здравство“, напиша вчера Бочварски.

Од здружението „Гласен текстилец“ велат дека постојано се на терен и дека детектираат многубројни неправди, но со општинскиот кризен штаб прават напори да ја нормализираат состојбата. Општинскиот трудов инспекторат со двајца инспектори се обидува на секој начин да одговори на многуте поплаки од работничките.

Тие се грижат за дотирањето плата кога се пушта пониска од законската, пријави за прекувремени непријавени часови, инспекциски контроли за почитување уредби, незаконски откази.

Претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, вели дека големи се разочарувањата, но нема да се откажат во битката да се нормализира состојбата во врска со ситуацијата со вирусот и текстилните работници/чки.

„Разменети се информации за состојбата на терен, преземените мерки од страна на општинскиот кризен штаб и мерките на терен за контролата на бранот што го затекна Штип со коронавирусот. Проширено тестирање се врши на над 500 текстилни работници/чки и тоа ќе трае во наредните денови. Превозот е редуциран во согласност со владините уредби и тим од неколку надлежни инспекторати се на терен и внимаваат на превозот, но и внатре во текстилните компании. Сите вработени од фирмите што беа дел од тестирањето на вирусот како здружение ги замолуваме да останат во самоизолација во наредните денови. Сите сме вклучени во овој процес и знаеме и можеме да го запреме почитувајќи ги мерките и препораките. Да ги заштитиме хронично болните лица, возрасните сограѓани, да го зачуваме колективното здравје во нашиот град, тоа зависи од секој поединец“, вели Ампева.

Според неа, здравјето и животот не се мери со профит и пари. Текстилците со години беа измачувани за 6, 7, 9 илјади денари! Ништо што не е видено, но мора да се бориме.

Извор A1on.mk

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...