4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаконот не важи за сите: Полицаец во униформа и со службено оружје,...

Законот не важи за сите: Полицаец во униформа и со службено оружје, игра оро во Кочани, среде вонредна состојба

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ примил пријава, фотографии и видео материјали од граѓански новинар на кои се гледа полициски службеник во униформа и со службено оружје, како игра оро на една семејна прослава во Кочани.

<

Според сведочењето на граѓанскиот новинар, поткрепен со фотографии на кои има датум, настанот се случил пред една недела, на 29 мај. На социјалните мрежи материјалот бил објавен на 2 јуни, а избришан е денеска попладне, откако се појавија информации за случајот.

„На снимките може да се забележи полицискиот службеник, наместо да се грижи за почитување на мерките за заштита од коронавирусот, се фатил на оро, среде вонредна состојба за борба против коронавирусот. Никој од присутните не носи заштита, не држи дистанца, како ни веселиот и разигран полицаец“, се вели во извештајот кој ја цитира пријавата на граѓанскиот новинар кој овој материјал.

Идентитетот на полицаецот му е познат на мониторинг тимот. Во меѓувреме, беа испратени прашања до МВР, каде што е испратен и целосниот материјал. Поставени се неколку прашања што произлегуваат од овој материјал кој сведочи за скандалозно однесување на униформиран и вооружен полициски службеник среде коронавирус кризата. Проверката на идентитетот на развеселениот полициски службеник е дел од прашањата до МВР. Материјалите што се објавуваат овде се обработени на тој начин што се штити идентитетот на сите инволвирани.

Според сведоштвото од граѓанскиот новинар, полицискиот службеник е и активен член на една политичка партија.

Извор: Мониторинг тим на ЦИВИЛ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...