9.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаСтатус кој разбуди емоции кај многумина: Ќе ви кажам зошто во Ресен...

Статус кој разбуди емоции кај многумина: Ќе ви кажам зошто во Ресен немаше корона-вирус

spot_img

ВИСТИНАТА И РЕАЛНОСТА ЗА ТОА ЗОШТО И КАКО РЕСЕН НЕМА “НИЕДЕН” заразен со коронавирусот!!!

Статус со МНОГУ ГНЕВ, БЕС и наплив на емоции. ВЕ МОЛАМ КОЈ САКА НЕКА СПОДЕЛИ.

Доцна синоќа после полноќ добивме информација дека наш близок член на фамилијата е позитивен на COVID19, хоспитализиран на 08.06 понеделник, брис земен на 09.06 вторник. Информацијата не е пријатна, никој не би сакал да ја слушне, посебно кога пациентот е веќе хоспитализиран со средно тешка клиничка слика. Пациентот е жител на градот Ресен.

НО, да тргнам со ред да го истурам гневот на ова “здравство” и на оваа “држава” каде што наназад 30 години само со среќа се преживува!!!

Понеделник 01.06, пациентот оди на работа како и секој друг нормален работен ден, го поминува денот нормално без симптоми. Во попладневните часови на 01.06 се јавуваат првите симптоми на “настинка”, покачена телесна температура, малаксаност, болки во зглобови и главоболка. Истото попладне на 01.06 пациентот се јавува кај матичниот доктор, ОТТУКА ПОЧНУВА ГОЛГОТАТА ДОДЕКА ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ТЕСТИРАЊЕ НА КОЕ НИЕ КАКО ФАМИЛИЈА ИНСИСТИРАВМЕ ОД САМИОТ ПОЧЕТОК!!!

Докторот со несериозен однос и пристап према актуелната пандемија и со тотално несериозен пристап БЕЗ ДЕТАЛНА ЕПИДЕМИОЛОШКА АНКЕТА (само нафрлени едно-две прашања) дава инструкции дека НЕМА ПОТРЕБА ПАЦИЕНТОТ ДА ДОЈДЕ НА ПРЕГЛЕД ВО ОРДИНАЦИЈА (со тоа ја крати можноста да направи преглед на бели дробови и секако комплетен преглед) и телефонски дава насоки пациентот да пие парацетамол за температурата и да зема витамин Ц, во продолжение на разговорот кажува: “Не се тоа симптоми на коронавирус (мислиш 1000 пациенти поминал со коронавирус во животот) уживај, обична настинка е, ПОЛА ГРАД Е НАСТИНАТ”!!! (мн. ме интересира дали тој матичен доктор ја знае епидемиолошката историја на градот и дали статистиките велат дека секоја година во јуни “пола” град е настинат)

Пациентот ги следи инструкциите на докторот, но ПРИРОДНО сите во фамилијата не сме мирни и инсистираме на второ мислење. Сепак пациентот на моменти чувствувајќи се малку подобро и окуражен од докторското мислење дека е “настинка” седи и се лечи дома се до петокот 05.06. Во меѓувреме телесната температура варира, се намалува, но по извесно време повторно се враќа, и така се до петок 05.06 кога ВО КОНСУЛТАЦИЈА СО ДОКТОР, ФАМИЛИЈАРЕН ПРИЈАТЕЛ пациентот добива совет да отиде на клиниката во Битола на инфективното одделение затоа што сепак е време на пандемија и треба сериозно да се сфати секој со тие симптоми! АФЕРИМ, КОНЕЧНО НЕКОЈ НОРМАЛЕН! По добиениот совет, и по непромената здравствена состојба пациентот по сопствена иницијатива повторно се јавува на консултација со матичниот доктор и КОНЕЧНО добива упат за преглед на инфективната клиника во Битола, ТУКА ПРОДОЛЖУВА ГОЛГОТАТА И НА ПОВРШИНА ИЗЛЕГУВА ПОВРШНОСТА И СИТЕ НЕДОСТАТОЦИ НА ОВА БЕДНО МАКЕДОНСКО “ЗДРАВСТВО”!

При приемот КОНЕЧНО (ФАЛА qрцу)! Е НАПРАВЕНА ДЕТАЛНА ЕПИДЕМИОЛОШКА АНКЕТА и по ФАМОЗНИОТ АЛГОРИТАМ кај пациентот НЕ Е ИНДИЦИРАНО ТЕСТИРАЊЕ!!! При приемот е направен РТГ на бели дробови и е даден СУМАМЕД две дози (веројатно по наод, не ја знам точната дијагноза, го немам извештајот на увид, не сакам да шпекулирам, а како дополнително инфо, крвна слика на пациентот не е направена во ниеден момент до хоспитализацијата). Ако добро го слушав министерот, а го слушав во овие три месеци ПОВЕЌЕ ОД СОПСТВЕНОТО ДЕТЕ ШТО ГО СЛУШАВ, кажа дека терапија на сумамед (плус лекот за маларија) на пациенти позитивни на коронавирусот ќе се дава само кај одредени пациенти кај кои ќе се оцени дека се подобни за тоа, односно кај пациенти каде ќе нема опасност од контраиндикации кои комбинацијата на лекот ги дава! Во случајов докторот го дава сумамедот (без лекот за маларија секако, НО СЕПАК) без да знае дали пациентот е позитвен или не. И тоа можеби и не е толку битно и страшно во конкретниот случај, не сакам детално да навлегувам во процедурите на лечење, колку што е страшно што пациентот кај кого ги има повеќето симтоми на вирусот на сред пандемија ДОКТОРОТ НЕ ГО ПРАЌА ПАЦИЕНТОТ НА ТЕСТИРАЊЕ, НЕМАЛО ПОТРЕБА, чунки алгоритмот така кажал!!! Се’ тоа се случува во петокот на 05.06. Пациентот заминува дома и седи дома се до понеделникот 08.06, кога после 4 дена терапија со сумамед ситуацијата не се подобрува, телесната температура не се симнува и сите останати симптоми се сè уште присутни. Во понеделникот ПОВТОРНО САМОИНИЦИЈАТИВНО се јавува на преглед на инфективно на клиниката во Битола, пациентот е ПРИМЕН ОД ИСТИОТ ДОКТОР од кој беше примен на 05.06 и КОНЕЧНО после 8 дена борба со малаксаност, главоболки и висока телесна температура, пациентот е задржан И ИНДИЦИРАН Е ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУСОТ КОЈ ЗА ЖАЛ ДОЦНА СИНОЌА Е ПОТВРДЕН ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН!

Пациентот е префрлен на КОВИД одделение при инфективната клиника во Битола и општата состојба е со средно тешка клиничка слика. Ние како семејство во овие моменти единствено што сакаме е пациентот да оздрави! НО, во исто време сакаме и да го истуриме гневот на здравството во оваа недојдија!

Пациентот кој има двомесечно внуче во Скопје кое сè уште го нема видено, три месеци од почетокот на пандемијата не е мрднат од околината на Ресен, токму од причина почитување на мерките, но сепак, се заразил. Од каде, како, треба да кажат епидемиолозите, секако ако се зафатат сериозно со подрачјето!

Заклучоци:

Со десетици луѓе кои исконтактиравме од Ресен, пријатели, роднини, познаници, ни’ раскажаа дека они или нивни блиски, пријатели, познаници, колеги, периодов биле со симптоми на настинки, кој полесно, кој потешко. Никој од овие луѓе со кои разговаравме не биле препратени од матичните доктори на тестирање или пак има и такви кои воопшто и не консултирале доктор! Но тие што ни’ раскажаа дека консултирале доктор го добиле истиот одговор како погоре, “настинка е”! Секако останува простор дека некој што не е во кругот со кого разговаравме МОЖЕБИ бил препратен, а одбил т.е. не сакал да отиде (имајќи предви што се слушавме изминатиов период не би ме чудело) но од нашата интерна “анкета” со познаници во градот никој не ни’ кажа сведоштво дека он/она или некој што го познава бил пратен на тестирање, што секако не е потврда, но со оглед дека досега нема ниеден позитивен, не е ни чудно. ОЧИГЛЕДНО Е МАСОВНОТО ИГНОРИРАЊЕ НА СЕРИОЗНОСТА НА ПАНДЕМИЈАТА ВО ГРАДОТ ОД СТРАНА НА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ, И ГРАЃАНИ И ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ!!!

КОНСТАТАЦИЈАТА НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА (не моја лична, ЛЕКАРСКА КОМОРА КОНСТАТИРА, линк во коментар) дека дел од докторите во Македонија не веруваат дека вирусот постои и не ги праќаат пациентите на тестирања, полека се потврдува!!! За тоа дека добар процент народот во Македонија не верува дека вирусот постои одамна е констатирано!

Во градот како мало место, а за жал и во голем дел од државата вирусот е табу тема! Луѓето го игнорираат од причина да не бидат покажани со прст, а матичните доктори (конкретно за Ресен говорам, МОЕ СУБЈЕКТИВНО МИСЛЕЊЕ) не се спремни за ваква пандемија!

На крај, клучната поента на статусот покрај истурањето на гневот е дека НЕ Е СЛУЧАЈНО ШТО САМО РЕСЕН НЕМА “НИЕДЕН” СЛУЧАЈ!!!

Пазете се! Почитувајте мерки! Сфатете сериозно, Ресен не е во Нов Зеланд, тука е во оваа недојдија од 25.000 km2!!!

П.С. Сведоштвото и и точноста на споделените информации ги кажувам и споделувам под целосна морална, материјална и кривична одговорност со име и презиме позади реален, а не скриен профил! Пресериозно е ова што се случува за да трачариме по социјални мрежи, ОВА Е РЕАЛНОСТ!

П.П.С.

СЕПАК во сите негативности има и позитивни работи. ОГРОМНА благодарност ДО НАЈБЛИСКИТЕ (Danco Bizevski) кои веднаш се ангажираа и ги ставија во функција својот авторитет како доктори и како луѓе, ги ставија на располагање луѓето кои ги познаваат кои ги стекнале како пријатели низ годините за да ни’ помогнат, тоа се пред сè ЛУЃЕ, а потоа врвни професионалци! Исто така благодарност и ДО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ на чело со градоначалникот Zhivko Gosharevski и неговата фамилија кои веднаш после сознанието дека пациентот е позитивен се обратија и се ставија во функција на помош на нашата фамилија (и логистичка и со збор за поддршка) и во исто време веднаш почнаа со дејствија што побрзо ова да се заузда и ДА ГИ ПОТТИКНАТ здравствените институции да пристапат посериозно кон подрачјето на Ресен и Преспа имајќи предвид дека очигледно досега здравствениот систем функционирал со многу пропусти!

Фејсбук статус на Vladimir Stojanovski. Фото – Илустрација.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боксерот Крајевски си го одзеде животот на само 37 години

Литванскиот боксер Генадиј Крајевски, кој живееше во Англија, се самоуби на свои 37 години. Крајевски бил познат по прекарот „Балтички бомбаш“, а најмногу се борел...

Регистарските таблички на државните возила ќе бидат во боите на државното знаме

На 10 декември Владата на седница ќе го разгледува Правилникот според кој, државните возила треба да бидат препознатливи за јавноста по нивната црвено-жолта регистрација....

Мало потсетување: 46 отсто од македонските граѓани веруваат дека од авион прскаат вируси

Влора Речица, една од авторките на истражувањето на Институтот за демократија со наслов „Човек од народот“, гостуваше во пред две години гостуваше во „Клик...

Протестот на ДУИ пропадна, граѓаните одбиваат да ги заштитат партиските милионери

Обидите на ДУИ да организира масовен протест пред Уставниот суд, со тврдење дека го бранат Законот за употреба на јазиците, изгледа дека се соочуваат...