12.7 C
Ohrid
вторник, октомври 27, 2020
Почетна Македонија Цековски три месеци трагаат по вистината- нивниот син бил пронајден мртов во...

Цековски три месеци трагаат по вистината- нивниот син бил пронајден мртов во парк, никој не им кажува што се случило-Прилог на ТВ Алфа

Translate (Eng):[gtranslate]

Вистинска животна голгота преживуваат последниве три месеци Љупчо и Слободанка Цековски од Крива Паланка. Со солзи во очите пред камерата на Алфа велат дека на 18 март дознале дека нивниот син Ивица Цековски е пронајден мртов во парк во Скопје, а до ден денес не знаат која е причината за смртта. Единствено што знаат е дека станува збор за насилна смрт.

-Помалиот син го подигнал телото и е пратено во државна болница, само му дозволил ликот, надоле не му е дозволено да види. Дали е прострелна рана, убодна рана или тепање. И телефонот извадена сим картичката и мемориската картичка, вели Љупчо Цековски.

Цековски се сомневаат дека некој сака нешто да сокрие за нивната голема загуба. Од судска медицина го барале извештајот од извршената обдукција, но се уште не го добиле. Она што е помалку чудно и по три месеци се уште не биле повикани ниту во Обвинителството, ниту знаат кој обвинител ја води истрагата, за како што велат убиството на нивниот син.

РЕКЛАМА

-Се јавуваме на судска медицина, велат без јавен обвинител не можеме да ја подигнеме обдукцијата, а ние не знаеме кој е. Во Крива Паланка се јавуваме, викаат во Скопје, каде во Скопје ајде? Никој ништо до ден денеска немаме известување, ништо апсолутно, изјави Цековски пред камерата.

Помош во борбата за вистината побарале и кај функционерите од власта кои се од нивниот град. Ги споменаа генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и градоначалникот Борјанчо Мицевски, за кои велат дека веќе ниту на телефон не им креваат. Пред камерата на Алфа, помош сега побараа од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Кога го земавме телото, на тој документ пишува насилна смрт, досега никој не не извести веќе три месеци, речиси три месеци, уште некој ден три месеци, немаме никакви информации. Затоа бараме од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, да го преземе делото лично тој, да бидеме известени, некој сака да не излезе во јавност, вели Цековски.

Сомнежите дека станува збор за убиство, кај семејството на Ивица Цековски се уште поголеми, бидејќи претходно во април оваа година бил опожарен неговиот службен автомобил од невладината ХОПС, каде бил на позицијата извршен директор.

Матеја Петровски- ТВ Алфа

 

- Реклами -