8.6 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаНикој не смее да биде посилен од државата: Разбивме криминални групи градени...

Никој не смее да биде посилен од државата: Разбивме криминални групи градени 30 години !!!

spot_imgspot_img

Министерот Оливер Спасовски во интервју за неделникот „Фокус“ запрашан дали МВР има информации за прегрупирање на криминалните групи во освојувањето на наркопазарот, а во врска со последните неколку пресметки во кои беа убиени неформални лидери на криминални банди, потенцираше дека најважната работа е што МВР сериозно се насочи кон криминалните групи и сузбивањето на криминалот во државата.

„Без никакви калкулации и најефикасно работиме во сузбивањето на било која од тие криминални групи што делувале не само сега, туку делувале и биле градени изминатите 30 години по независноста на Македонија и најмногу простор им се даде во делот на функционирањето на режимот. Паднаа во вода кажувањата дека едните или другите групи, не знам – од Грчец, од Арачиново, Сарај, Чаир итн. – не биле процесуирани. Во последните месец дена три најголеми криминални имиња се уапсени и одведени пред лицето на правдата“, рече Спасовски појаснувајќи дека станува збор за три лица поврзани со случајот ‘Планина’, кои беа од кланот Грчец. Тој додаде дека врз основа на сите обезбедени докази, МВР жестоко се бори против криминалните структури, а тоа е задача и на оперативната акција „Безбеден град“ и на сите активности што беа преземани во изминатиот период. „Нема да има пардон за никого и во ниту еден момент“, истакна министерот Спасовски.

За наводните информации дека нарко-групата „Барон“ периодов зема замав и дека уапсените за двојното убиство во „Шиша бар“ се припадници на оваа група, министерот Спасовски објасни дека штом се уапсени – веќе не постои група, таа е разбиена.

„Важно ми е дека секој еден кој смета дека е посилен од државата, длабоко мора да се разочара, затоа што нема посилен од државата – ни криминалец, ни функционер, ни граѓанин, никој не може и не смее да биде посилен од државата“, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...