16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЌерката на заменикот на скопскиот градоначалник е родилката која сокри случај на...

Ќерката на заменикот на скопскиот градоначалник е родилката која сокри случај на коронавирус во семејството?

Зошто се крие дека родилката која беше на ГАК и сокри дека има заразен свекор, а потоа заминала да се породи во Ремедика (и таму се породила без да каже дека имала контакт со лице позитивно на Ковид19) е ќерка на бизнисменот Енвер Малиќи, заменик на градоначалникот на Шилегов, пишува Магазин.мк

Имено изминатиов викенд, жена „докторка од угледно семејство“ дошла да се пораѓа на Гинеколошката клиника во Скопје без да каже дека нејзиниот свекор е заболен од коронавирус, потврди за медиумите директорката на гинеколошката клиника, Викторија Јовановска.

Трудницата лажела при приемот во болницата и била сместена во соба со две други родилки, кои сега се префрлени на одделот за изолација. По некое време друга докторка ја препознала колешката и на вработените на Клиниката им открила дека родилката има позитивен свекор на Ковид-19. До Магазин стигнаа информации дека се работи за Шејнур Фејзула Салиу, ќерка на угледно семејство од Нерези. Според изворот, нејзиниот сопруг и татко преку нивните врски во политиката и во министерството за здравство „средиле“ лажната изјава на ќерката да исчезне од нејзиното досие, за да нема основ за нејзина кривична одговорност.

Родилката одбила да биде преместена во делот за изолација, каде се суспектните пациентки на ковид-19. Ѝ била направена индикација за царски рез, но таа потпишала изјава дека своеволно заминува да се породи во приватна болница. Потоа таа се породила во „Ре-медика“, каде развила симптоми на Корона по што била однесена на Инфективната клиника. Заради овој случај и криење на податоци во „Ре-медика“ четири медицински лица се пратени на тестирање за корона и сега се во самоизолација.

Исто така поради оваа пациентка, три медицински сестри од Гинекологија се отидени во изолација.

Пациентката била примена без симптоми и не кажала дека има заразен во нејзиното семејство. Кога некој од колегите дознал дека таа во семејството има позитивен на ковид-19, веднаш ја симнале во одделот за изолација. Таа не сакала да биде во изолација и си заминала со изјава – вели директорката Јовановска.

Кога во јавноста се крена галама за случајот, се покрена истрага, но од ГАК известија дека исчезнала изјавата од медицинското досие на родилката-докторка во која потпишала дека нема заболен член на семејството, а при прием криела дека нејзиниот свекор е позитивен на Ковид.

Случајот е пријавен во МВР и вчера на Клиниката за гинекологија беа инспектори за да се истражи кој ја украл Изјавата од просторијата каде што стоело медицинското досие. Информацијата за ја потврди директорката Викторија Јовановска, но не сакаше да открие за која пациентка се работи, само кажа дека е од угледно семејство.

Да точно е, исчезна Изјавата од пациентката. Во надзорна камера го имаме снимено моментот како ја потпишува Изјавата. Но, таму каде што стои досието нема камера. Повикавме полиција за да се открие кој го украл документот – изјави Јовановска.

Извор: Магазин.мк

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...