20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСветПациентка чистела маслинки додека и оперирале тумор на мозокот

Пациентка чистела маслинки додека и оперирале тумор на мозокот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Хирурзите најчесто бараат од пациентите да свират на виолина или гитара за време на операција на мозокот, но 60-годишната Италијанка вадела семки од маслинки за време на сложениот зафат, потребни како главна состојка на еден италијански кулинарски специјалитет.

<

Операцијата, изведена од неврохирурзи во болница во Анкона, траела два и пол часа. На пациентката, која цело време била будна, успешно и е отстранет туморот на левата страна на мозокот, пишува италијанската агенција „Анса“.

„Овој метод ни овозможува да ја следиме состојбата на пациентот и функцијата на мозокот и помага постепено да ги зголемуваме активностите за време на операцијата“, објасни д-р Роберто Трињани, кој водеше тим од 11 специјалисти кои учествуваа во операцијата.

Тој рече дека тоа е „аваке“ метод за време на кој пациентот се чува буден и го прави она што самиот ќе го одбере.

Активноста што пациентот ја прави во текот на постапката е избрана во зависност од делот на мозокот на кој се оперира, но врз основа на индивидуалните навики на пациентот.

Тимот на д-р Трињани во последните пет години извршил околу шеесет слични операции.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...