31.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаАКТЕРКАТА СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ОБВИНЕТА ЗА ТРГОВИЈА СО КОКАИН

АКТЕРКАТА СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ОБВИНЕТА ЗА ТРГОВИЈА СО КОКАИН

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против актерката Силвија Стојановска и уште едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

<

По спроведената меѓународна операција „Колибри“ во која беа лишени од слобода пет лица од кои две на територијата на нашата држава и три лица на територија на Кралството Шпанија, надлежниот јавен обвинител во истрагата утврдил дека во периодот од јули 2019 до 18.12.2019 година, обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралство Шпанија од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, купувале пренесувале и продавале кокаин во вкупна количина од 698.758 грама.

Кокаинот тие го купувале од Колумбија. Го транспортирале до Мадрид и оттаму барале купувачи. За да не бидат откриени во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење на енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки – инхибитор (Protect1207i).

Обвинителството заедно со Обвинителниот акт му предложил на судот да ја продолжи мерката притвор за првообвинетиот и мерката куќен притвор за второобвинетата Стојановска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...