13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаИван го опиша кошмарот додека 19 часа се бореше за живот кај...

Иван го опиша кошмарот додека 19 часа се бореше за живот кај Халкидики- „Се молам да го најдат мојот пријател“

spot_imgspot_img

Иван (30) од Македонија, кој беше спасен од морето во Грција, од болничкиот кревет ги опиша натчовечките напори што ги вложувал 19 часа во морето кај Халкидики за да остане жив.

Македонецот за „ЕРТ зборуваше за борбата со брановите и студот откако исчезна во морето, како и за полунапумпаната топка која му помогна да преживее. Тој изрази загриженост и за судбината на неговиот пријател Мартин (28), по кој се уште се трага во морето.

Иван се залепил за кожната топка и се борел да остане на површината додека ветровите и струите го носеле во морето, доведувајќи му го животот во опасност.

Искусен пливач, млад, во добра физичка форма и покрај многу неповолните услови, Иван успеа да ја сврти ситуацијата во своја полза.

На прашањето за што размислувал додека бил во морето, дали размислува за семејството, пријателите, својот живот, Иван одговори „не“.

– Морав да ги расчистам мислите, бидејќи ако размислувам за нив ќе ми се засили отчукувањата на срцето и тоа ќе го влоши се. Морав да останам смирен – рекол тој.

Иван, како и неговиот пријател Васил, кој прв го спаси крајбрежната стража во саботата попладне, е загрижен и се моли за нивниот исчезнат пријател Мартин (28).

Васил е пуштен од болница и веднаш сакал да стапи во контакт со крајбрежната стража која му помогна. Тој се врати дома со семејството, а разговарал и со Иван, кој беше пронајден ден подоцна.

Васил се присети на оваа страшна авантура и рече дека се надева дека Мартин е добро.

– Заедно пливавме кога не повлече бран, го гледав околу еден час, а потоа го изгубив. Не знам што се случи со него, се молам да е добро. Се надевам дека е добро, надежта никогаш не умира – заврши Васил.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...