17.9 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаОрганизаторот на Пивофест: Срамота е пејачите од Македонија што бараат по 10.000...

Организаторот на Пивофест: Срамота е пејачите од Македонија што бараат по 10.000 евра за еден час пеење- Па Мајкл Џексон има настапувано бесплатно !!

Едноставно, нема логика наши музичари да бараат по 10.000 евра за еден час настап на Пивофест во Прилеп, кога знаеме дека во нашата земја најголемиот дел од народот живее со месечна плата од 300 евра. Посебно во време на голема економска криза, наместо да се солидаризираат со народот, па да настапат за некоја симболична сума, многумина по примерот на регионалните пејачи, излегуваат со вртоглави побарувања – за ,,Фокус” вели Пеце Стоикоски од Арт 10 продукција, кој е организатор на настанот годинава.

Големиот и популарен фестивал на пивото, скарата и музиката ќе се одржи од 14-ти до 17-ти јули, и веќе се објавија листите со музичките гости кои ќе ја забавуваат публиката во Прилеп.
Годинава акцентот е ставен на домашните музичари, но ќе има и неколку регионални гости.
Од Општина Прилеп одвоиле два милиони денари за настанот, а поддржан е и од спонзори.

Не би сакал да ја коментирам објавата на музичарот Владимир Василевски – Четкар, кој вчера напишал дека поради финансиски проблеми на фестивалот неговиот настап е откажан. Деталите за тоа што се случило и зошто не бил постигнат договор со него ги имаат лицата од организација задолжени за финансискиот дел.
Но, имавме случаи кога наши музичари бараат навистина големи суми, се нема разбирање за актуелната ситуација, и на крај не се нашол заеднички јазик. Од друга страна пак, имавме и многу наши пејачи кои се согласија да настапат за навистина симболични суми, бидејќи чест им е да бидат дел од манифестацијата, да го расположат народот.

Па, дури и легендарниот Мајкл Џексон во тек на својот живот има одржано бесплатни концерти! Не е ова бунар без дно, треба да се биде реален во барањата, без оглед на популарноста.

Оние кои чекале средства од приватни компании, од спонзори, знаат како одат овие работи. Некој ветил поголема сума, па се предомислил, некој се откажал, некој доцни со исплата. Ќе кажам само дека воопшто нема логика кога наши музичари, кои се свесни за состојбата и стандардот во земјава, сакаат да одат по примерот на нивните колеги од регионот, па имаат нереални барања кога се хонорарите во прашање- појаснува Стоикоски.

Додава дека не е коректно кон својот народ, кој за еден месец макотрпна работа заработува околу 20.000 денари, некој за еден час пеење да заработи неколку стотици илјади денари. Поради тоа, вели дека музичарите треба да имаат максимално разбирање и да покажат свест за состојбата и секојдневието на нашиот народ.
За повеќе детали,Тука Фокус

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во петок литија со икона од Света Гора во центарот на Скопје

Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од...

Претседателката: Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска објасни како дошло до дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата со Румен Радев во...

Семејно насилство во Скопје: Постариот брат го тепал помалиот, а помалата сестра ја претепала постарата..

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра...

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да...