20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаСОС БАЛКАНМЕДИА бара поништување на повикот за финансиска поддршка. Хуманизмот во Македонија...

СОС БАЛКАНМЕДИА бара поништување на повикот за финансиска поддршка. Хуманизмот во Македонија го замени алчноста на поединци?!

Срамна, недолична и крајно понижувачка е’ одлуката за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со ковид-19 кризата, реагират од Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА Охрид. Зошто објавуваат јавен повик, на кој аплицираме, доколку унапред беа договорени каде ќе ги поделат средствата?! Како воопшто успеала „Стручната комисија“ при генералниот секретаријат на Влада на РСМ во само 2 дена да ги разгледа, прочита сите апликации, да ги рангира и да донесе експресна одлука?! Зошто немаше транспарентно јавно отворање на апликациите, туку поделиле онаму каде тие сакаат, дури не дале во одлуките ни правна поука?! Господинот премиер  Оливер Спасовски, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, должат објаснување пред граѓаните на РСМ, како тоа здруженија кој во време на Ковид 19 успеале да обезбедат и донираат над 200.000 евра во здравствените и други институции, а сега нивните проекти за обезбедување на 540 социјални пакети, обебедување на 50.000 заштитни маски за безбедно гласање, издавање на стручни публикации за запознавање на секој граѓанин како да се заштитат од Ковид 19, не ги исполнувало условите !? Кој тоа услови треба да се исполнат?! Како да се поделат пари? Такви услови, нема да исполнеме на никого.., децидни се од СОС БАЛКАНМЕДИА.

Од СОС БАЛКАНМЕДИА му порачуваат на Спасовски и Рашкоски, да се отворат јавно сите пристигнати апликации, да види народот во државава како се делат народните пари за тесно партиски и лични интереси.Хуманизмот во Македонија го замени алчноста на поединци

 

 

 

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...