9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДете со скршеница пет дена чека да го примат на клиника- Му...

Дете со скршеница пет дена чека да го примат на клиника- Му барале тест за Корона

spot_imgspot_img

За да им се закаже операција на пациентите кои се за итна интервенција, или на оние кои со месеци чекаат хируршки зафат во јавна здравствена установа, тие мора да направат тест за КОВИД-19. Но, не можат да бидат тестирани преку државниот систем на Институтот за јавно здравје без да плаќаат, туку ако сакаат операција мораат да се тестираат во приватните болници или лаборатории и да платат околу 4.000 до 6.000 денари, анализира СДК.МК.

Министерот за здравство Венко Филипче, на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто пациенти на кои за операција им се бара ковид тест не можат да се тестираат државно и мора да плаќаат приватно, вели дека за ова прашање се разговарало и наскоро ќе има решение.

Но, и покрај тврдењата на Филипче дека пациентите не треба приватно да плаќаат за ковид тест, родители на 14-годишно момче од внатрешноста кое во петокот ја скршило раката на повеќе места и од локалната болница поради сериозноста на повредата било испратено во Клиничкиот центар во Скопје велат дека уште чекаат да му се изврши хируршка интервенција зашто нема тест за коронавирус.

Според кажувањето на родителот, детето во големи болки било примено во Ургентниот центар, каде му биле направени сите испитувања, само не и тестот за коронавирус. На родителот му било кажано дека како итен случај со сериозна скршеница на коската која на снимките изгледала како исечена со секира, мора веднаш да се оперира.

Првин им било кажано дека тестот ќе му биде направен таму, на сметка на Клиниката. Потоа дека не може, па може, па не може, и така поминал викендот. На крајот, хирургот им кажал дека сепак детето не може да се тестира на државен трошок, ќе мора задолжителниот тест да го направи на некоја од приватните клиники….

Целата вест за тоа каква голгота поминало момчето, прочитајте на СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...