15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаДИК: Оние кои ќе се заразат на помалку од 7 дена до...

ДИК: Оние кои ќе се заразат на помалку од 7 дена до изборите нема да имаат право да гласаат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лицата кои ќе се заразат од коронавирусот или ќе мора да одат во самоизолација на седум дена пред гласањето нема да можат да го исполнат своето граѓанско право. Сите заразени и самоизолирани ќе мора да се пријават доколку сакаат да гласаат на предвремените парламентарни избори, но не подоцна од 6. јули, пренесува Сител.

<

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница донесе ревидиран Роковник за парламентарните избори за кои политичките партии постигнаа договор да се одржат на 15 јули. Членовите на ДИК уверуваат дека ќе се направи сè за заштита на граѓаните и членовите на изборните органи од ширење на коронавирусот за што тие уште денеска разговарале со здравствените власти со кои ќе изработат посебни протоколи. Ги повикуваат и граѓаните да внимаваат на своето здравје.Сепак ДИК се уште го чека протоколот од Комисијата за заразни болести според кој ќе се знае како точно ќе се одвива гласањето. Тој треба да пристигне во следните два до три дена, а потоа ДИК ќе го преточи во нивен документ

За првпат, гласањето ќе се одвива во три дена, на 13, 14 и 15 јули. Првиот ден ќе гласаат заразените и самоизолираните, на 14 болните, изнемоштените, затворениците, а на 15 сите останати.

За гласање на инфицираните ќе бидат анагажирани по двајца лекари. Според првичните пресметки на Државната изборна комисија, на изборите ќе бидат ангажирани над 500 лекари.

ДИК досега заштедила околу 40 милиони денари. Парите ќе бидат искористени за трошоци кои ќе произлезат од новиот начин на гласање поради коронавирусот.

Надоместоците на сите кои ќе учествуваат во изборниот процес ќе бидат зголемени освен за членовите на ДИК, кои нема да земаат никакви додатоци на основните плати.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски упати апел до граѓаните дека се наоѓаме во еден интересен период пред нас, месец во којшто ќе престојат доста политички препукувања и интересни моменти, но најголавниот и најголемиот предизвик е здравствената состојба и заштитата на здравјето во овој процес.

-Дали се тоа Избирачките одбори, дали се Општинските изборни комисии, здравјето на гласачите… Ние како ДИК во соработка со здравствените власти, еве и денеска разговаравме, заеднички да изготвиме одредени правила и протоколи кои ќе обезбедат максимална заштита. Како Комисија ќе се потрудиме да обезбедиме максимална заштита на здравјето на сите кои учествуваат во нашата изборна администрација, на околу 35.000 граѓани. Ќе обезбедиме пристап до гласачките места на малку поинаков начин, рече Деркоски појаснувајќи дека тие ќе се обидат да обезбедат гласачки места со целодневно проветрување.

Претседателот на ДИК ги повикува граѓаните да имаат доверба во Комисијата и во изборната администрација и да ги следат препораките на здрвствените власти во натамошниот период затоа што е исклучително важно е за нашата држава да се гласа на изборите.

-На крајот нашата држава да биде оценета од сите набљудувачи како држава која одлично организирала во вонредни услови ваков из борен процес и тоа ќе ни биде уште еден чекор напред кон она што ние сите се стремиме а тоа се евроинтегративните процеси кои следат есенва и понатаму, рече Деркоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...