20.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаБеким Бериша: Петре, со помин да е, но не си го слушал...

Беким Бериша: Петре, со помин да е, но не си го слушал Венко – беше во Маврово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес скопскиот градоначалник Петре Шилегов, објави дека е позитивен на корона. Уште двајца функционери од оваа партија, Сања Лукаревска и Мухамед Зекири, исто така се соочија со вирусот.

<

Утрово, медиумите објавија, а лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски потврди дека и неговата мајка е позитивна. Властите, но и опозицијата, постојано ги опоменуваше граѓаните дека треба да ги почитуваат превентивните мерки.

Но колку тие ги почитуваат? Беким Бериша, во пост на социјалните мрежи го констатира токму тоа:

„Петре Шилегов на својот профил објави дека е позитивен на КОВИД-19.

Прва работа што сакам да спомнам е тоа дека на Шилегов и на сите заразени им посакувам брзо излекување и да ја поминат оваа битка најлесно што е можно.

НО, не треба сега да заборавиме на некои работи само поради сожалување.

Петре Шилегов вели дека иако го превземал сите мерки за самозаштита, сепак се заразил. Филипче од друга страна вели дека тие што ги почитуваат сите мерки не се заразуваат! Кој лаже тука?! Шилегов или Филипче.

Иако Филипче е познат како нотерен лажго, овој пат ке речам дека Шилегов лаже. Не ги почитувал сите мерки. Пред две недели кога Скопје беше ставено во карантин, Шилегов си замина за Маврово. Уште и изјави дека опозицијата му лубомори зошто он се шетал. Еве, точно после периодот на инкубација на вирусот, Шилегов резултира позитивен.

Ова треба да им служи како лекција на господата од СДСМ. Они цело време нивната неспособност за справување со вирусот, сакаат да ја префрлат кај народот.

Цело време го обвинуваат народот дека не ги почитувал мерките, а пола партија им се зарази од вирусов! Господа од СДСМ, каде е проблемот?! Не ги почитувате мерките кои самите ги препорачувате или сте до тој степен самобендисани што мислите дека вие сте нешто повеќе од луѓе па за вас тие мерки не треба да важат?!

Е па биологијата ве демантира: еве и вие се заразувате. Затоа, господа од СДСМ почитувајте ги мерките, или како што вие милувате да кажете “слушајте го Венко”!!
Извор:Галама

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...