11.1 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: СДСМ е одговорен за експлозивната направа кај Мисајловски

Мицкоски: СДСМ е одговорен за експлозивната направа кај Мисајловски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, директно го обвини СДСМ дека стои зад инцидентот со експлозивната направа, која била фрлена утрово околу 3 часот во семејната продавница на партискиот потпретседател Владо Мисајловски.

„Овде не се работи за ’случаен‘ пожар каков му се случи на Владо Мисајловски пред неколку години, туку за јасна намера. Да не заобиколувам или да се трудам да бидам дипломатски коректен, одговорноста за ова е на власта на СДСМ. Таму треба да се бараат нарачателите и инспираторите на сето ова. И ова е израз на целосна немоќ, страв од пораз и тотална забеганост“, вели Мицкоски.

Тој вели дека советник на премиерот вербално го нападнал и Игор Дурловски, па заклучува дека раководството на социјалдемократите е свесно дека губи и дека ова претставува крик на очајни луѓе кои прават сè за да не одговараат пред лицето на правдата.

„Овде битката е дали ќе им дозволиме на такви бандити да ни ја земат државата и да ги контролираат нашите судбини или народот ќе си ја врати државата кај себе. Тие не се свесни дека јас и сите околу мене се решени да одиме до крај додека не го поразиме ова зло. Македонија е многу повеќе наша и на чесниот народ, колку што е на криминалците кои сакаат да печалат на туѓата мака. Ако пораката која сака власта да ја испрати кон опозицијата е страв, тогаш нашиот одговор е одлучност. Тие сакаат држава со искривена кичма, ние ќе ја исправиме Македонија и ќе ги победиме. Мојата поддршка за Владо Мисајловски. Македонија е посилна од сите нив“,

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 лица од Непал вработени во тетовски ресторан преку ноќ побегнале !!

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле...

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...