-1.1 C
Ohrid
вторник, јануари 14, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски најави инвестициски бум, распуштање на Судскиот совет и истраги за криминали...

Мицкоски најави инвестициски бум, распуштање на Судскиот совет и истраги за криминали по министерствата

spot_img

Можам да кажам дека во првите 100 дена имаме многу амбициозна агенда за која што веќе се подготвувавме, но не сакавме да ја експлоатираме во кампањата. Денеска веќе кога сѐ е завршено можам да кажам дека веќе е завршена една сериозна странска инвестиција во Македонија во делот на енергетиката, без посебни закони, без загарантирана цена на откуп, без привилегии, која би се движела меѓу 400 и 500 милиони евра и која ќе произведува околу 1 терават часови електрична енергија годишно. И тоа ќе биде објавено во првите 100 дена, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија.
Мицкоски потенцираше дека ќе донесат и други две странски инвестиции, за кои услов е да си замине сегашниот директор на ТИРЗ и претседател во најава на СДСМ, Јован Деспотовски. Тие инвеститори, како што рече Мицкоски, имаат навистина лошо искуство со него во однос на плановите да инвестираат во Македонија кои што се исто така прилично атрактивни како инвестиции.

„Можам да најавам еден финансиски пакет во соработка со влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови. Со добар грејс период и атрактивна каматна стапка. Еден ваков финансиски бран ќе биде само дел од оној процес за кој што зборувам цело време, а тоа е како да донесеме надеж“, рече тој.

Мицкоски додаде дека во втората половина на јули ќе се направи ребалансот, а во првата половина на септември да почне децентрализацијата на финансиски средства и инвестиции во општините од 250 милиони евра, односно 125 милиони евра инвестиции во општините за втората половина од годинава.

Тој во синоќешното интервју истакна дека има многу индиции за криминал и многу докази кои му се доставени, но и сведоштва.

„Ќе има одговорност. Имаме сведоштва, посебно помеѓу првиот и вториот изборен круг, кои носат докази и навистина сме шокирани. Многу од овие случаи за кои јас зборувам ги евидентираа луѓето кои беа дел од техничката влада, посебно во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи бидејќи таму бевме присутни. Има и во финансии, администрација, земјоделие…“, кажа Мицкоски.

Тој додаде дека фронтот против криминал и корупција подразбира распуштање на републичкиот судски совет и советот на јавни обвинители.

„Во кампањата ние зборувавме дека создаваме фронт против криминалот и корупцијата и тој фронт подразбира дека ние ќе го распуштиме републичкиот Судски совет и Советот на јавни обвинители, но не значи дека сега ние треба да предложиме. Така беше протолкувано од владините партнери дека еве сега ВМРО ќе ги распушти едните за да ги постави своите партиски октруирани судии. Не, самите тие нека си изберат на непосредни избори“, посочи Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...