23.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаУШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и поддржувачите на СДСМ, но и на демократска Македонија, пишува Лукаревска на Фејсбук.
Откако неколку членови и партиски функционери во СДСМ си поднесоа оставки, доцна синоќа својата оставка ја даде и потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

<

По тешкиот пораз на двојните избори, дел од раководството на СДСМ си поднесоа оставки. Први беа потпретседателите Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, следна беше Јованка Тренчевска која замина од чело на Форумот на жени на СДСМ, а кон крајот на денот на Фејсбук се огласи и Сања Лукаревска.

Почитувани граѓани, почитувани мои социјалдемократи,
Изборните резултати ја искушуваат нашата искреност како политичари и искреноста на нашите зборови дека сме ја разбрале вашата порака.
СДСМ секогаш бил достоинствен и заради зрелоста на неговите раководства да се соочат со поразот и со одговорноста. Јас не сакам да бидам исклучок. Благодарам за укажаната доверба да бидам заменик претседател на СДСМ.
И таа должност ја извршував со почит, совесно, одговорно и чесно. Секако, со поддршка од сопартијците и незаменливата потпора од моите родители. Благодарам е најмалку што можам да им речам.
Горда сум што 8 мај беше празничен ден за демократијата. Тоа беше и суштината на борбата на СДСМ за ослободување од „заробената“ држава. Воедно, им благодарам на сите граѓани за секој глас за СДСМ, особено во третата изборна единица. Вредна за внимание е и пораката од оние кои не излегоа на гласање, како и на оние кои гласаа против.
На ред е нашата внатрепартиска средба со вистината. На отчетниот Конгрес на СДСМ неминовна e отворена, искрена и самокритична анализа на нашите погрешни чекори, на лошите кадровски решенија како и за нашата немост за успешните политики кои ги спроведовме во исклучително тешки услови предизвикани од светските кризи.
Го презедовме товарот и на тешките политички одлуки. Но, тоа е СДСМ на кого државата, нејзината стабилност и иднина секогаш му биле пред сė и над сė. Така било. Така мора и да остане.
На Македонија и е потребен СДСМ. Што побргу заедно ја консолидираме партијата толку побргу ќе можеме да кажеме – тука сме. Јас верувам во СДСМ, а уште повеќе во неговата сила да се реформира, да се обедини и да се подготви.
Честитки на победникот и на сите 120 пратеници.
Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и поддржувачите на СДСМ, но и на демократска Македонија, пишува Лукаревска на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запре судењето против Димитриевски – обвинителството се откажа од обвинението

Запрен е судскиот процес против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување. Јавниот обвинител се откажал...

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...