18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Гостивар блиските на болни од ковид и преку прозор влегувале на...

Во Гостивар блиските на болни од ковид и преку прозор влегувале на посета

spot_imgspot_img

Тетовчани не се единствените во земјава кои ги посетуваат и се грижат за своите роднини позитивни на ковид во инфективните болнички одделенија, иако тоа е строго забрането. Во многу градови низ земјава тивко се одобруваат такви посети. Екипата на Радио Слободна Европа ја посети гостиварската модуларна болница.

Младиот доктор Гент Билали својата специјализација по хирургија ја ставил во мирување за да може да помогне во справувањето со наплив на пациенти позитивни на ковид-19 во гостиварската болница „ Ферид Мурад“. Тој вели дека заедно со неколку колеги се откажале од секојдневните обврски за да им помогнат на колегите во родниот град да се справат со толку голем број на пациенти кои доаѓаат одденаш. Август беше тежок месец за Гостивар, вели Билали.

 

 

Состојбата пред еден месец во Гостивар, кога доаѓаа печалбарите и ние не можевме да седиме без да се поздравиме или без да се видиме со нив. Се најдовме во една ситуција кога во Република Македонија имаше повеќе луѓе отколку што има секојдневно. Со тоа ни се случуваше да има голем број на пациенти. Честопати беше жалосно да се гледа, кога идеа луѓе кои имаа потреба од болничко лекување, а нашиот болнички капацитет беше полн. Дури беше и преполн да кажам, додававме кревети по соби за да можеме барем уште еден пациент да примиме, вели Билали.

Гостиварци велат дека свадбарската сезона и печалбарите летово го „издигнаа“ градот високо на листата со голем процент на заразено население со ковид-19.

-Повеќето пациенти доаѓаа во состојба кога беше доцна, некои доаѓаа на време, ама се исполнија бројчињата и капацитетите. Не сум имал потежок случај во кариерата, иако немам долга кариера, сепак не сум имал потежок случај од тоа да видиш како некој те моли да му најдеш место за родител, за фамилија, да најдеш слободен кревет, а ти немаш слободен кревет. Да бидам искрен на мојот татко и мајка им реков – не излегувајте од дома, затоа што ако нешто ви случи нема да можам за вас да најдам кревет, вели доктор Билали.

Извор: Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...